Повеќе пешачење, спас од проширените вени

Според експертите, од 20% до 50% од населението порано или подоцна заболуваат од варикозно заболување. Причината за тоа е пасивниот начин на живот и залежаноста кои доведуваат до проширени вени кај помладите луѓе. Но, денес постојат многу ефективни методи во борбата против ова заболување. Сепак, треба да се знаат неколку основни правила што можат да се применат како превентивна заштита.

Според експертите, од 20% до 50% од населението порано или подоцна заболуваат од варикозно заболување. Причината за тоа е пасивниот начин на живот и залежаноста кои доведуваат до проширени вени кај помладите луѓе. Но, денес постојат многу ефективни методи во борбата против ова заболување. Сепак, треба да се знаат неколку основни правила што можат да се применат како превентивна заштита.

1. Не ја игнорирајте ризичната група

Како и кај многу други заболувања, при лекувањето на проширени вени голема улога има навремената дијагностика. Ако заболувањето се открие во рана фаза, тогаш може многу полесно да го надминете проблемот. Затоа се препорачува луѓето кои припаѓаат на ризичната група да бидат внимателни. При ова заболување големо влијание има наследниот фактор. Тој се појавува дури кај 60 до 80%  од пациентите со варикоза. Ако вашите предци, родители страдаат од ова заболување, многу е голема веројатноста тоа да се појави и кај вас. На второ место се ризичните фактори како стоењето и седењето на работното место. Кога подолго време нозете не ви се во движење и се во вертикална позиција, вените се обидуваат да го издржат притисокот на гравитацијата – основната причина поради која крвта стои во долниот дел на нозете. Кај жените како дополнителен ризичен фактор се смета и бременоста. Проблем со вените често имаат и луѓето со прекумерна тежина или оние кои работат тешка физичка работа. Најдобар совет за сите е повеќе пешачење!

2. Превентивата е најдобриот лек

За жал, ризикот од проширени вени е во самата природа на човекот. Луѓето одат на две нозе, а не на четири и поради тоа крвта од нозете треба да се подигне на висина и да ја победи земјината гравитација. При варикоза, вените се повредени и ја губат еластичноста, а со тоа се зголемува и обемот на крвните садови.  Како резултат на ова крвта застојува и се нарушува целосната исхрана на ткивата. За среќа, човекот може да се грижи за своето здравје без да чека да се појави болеста. Најдобра превентива против варикоза е редовното оптоварување на мускулите на нозете. Пешачење, трчање, пливање, возење велосипед се активности кои претставуваат еден вид заштита од појава на проширени вени. Експертите тврдат дека особено е корисно качувањето по скали. Накратко, колку нозете повеќе работат толку се помали шансите од проширени вени!

3. Навремена дијагностика

Многу луѓе сметаат дека болките во нозете и отоците на крајот од работниот ден се нормална појава, но не е така. Ако ваквите симптоми се појават по прекумерно оптоварување и по работниот ден, веднаш посетете го вашиот лекар. Може е сигнал за проблеми со крвотокот во долниот дел на нозете. Колку порано се обратите на лекар толку подобро за вас.

4. Не се лекувајте сами

Дури и активно да спроведувате превентивни мерки, доколку варикозата е наследна, нема гаранција дека со сигурност ќе ги излечите проширените вени. Но, денес има многу ефикасни медицински методи кои се борат со варикозата. Да не заборавиме дека заболувањето освен што е здравствен е и естетски проблем. Сепак, многу луѓе се одлучуваат сами да се лекуваат со тоа што применуваат некои народни лекарства или совети од други луѓе. Голем дел од нив не се ефикасни бидејќи веќе во фармацијата има препарати кои можат да ви помогнат, но се препорачува нивното користење да биде под надзор на лекар.
 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!