5 најчести прашања и одговори за канцер на бели дробови

1. Како пушењето цигари влијае врз организмот?

Цигарите како и загадениот воздух се преполни со хемиски супстанци и освен што предизвикуваат карцином, тие го оштетуваат и одбранбениот систем на белите дробови. Дишните патишта се обложени со мали ситни влакненца кои не штитат од токсини, бактерии и вируси. Чадот од цигарите, како и честичките од загадениот воздух се лепи на влакненцата и не им дозволува да ја вршат својата работа.

1. Како пушењето цигари влијае врз организмот?

Цигарите како и загадениот воздух се преполни со хемиски супстанци и освен што предизвикуваат карцином, тие го оштетуваат и одбранбениот систем на белите дробови. Дишните патишта се обложени со мали ситни влакненца кои не штитат од токсини, бактерии и вируси. Чадот од цигарите, како и честичките од загадениот воздух се лепи на влакненцата и не им дозволува да ја вршат својата работа.

2. Колку е важна рана дијагностика?

Раното дијагностицирање на белодробниот карцином е во тесна врска со преживувањето. Секое навремено откривање на белодробниот карцином, што значи откривање во ран стадиум е поврзано со поголемо преживување. Само за илустрација 5 годишното преживување на болните со неситноклеточен карцином на белите дробови во стадиум I е до 49% додека во стадиум III до 14 %. Стапката на преживување е најниска кај пациентите со IV ти стадиум на белодробен карцином. Постојат два главни типови на карцином на белите дробови. Едниот вид е многу агресивен и може да се прошири брзо на други делови од телото во почетокот на болеста, овој вид е тесно поврзан со пушењето на цигари и ретко се јавува кај непушачите. Вториот вид на карцином е многу почест и е побавен. Се јавува кај 85% од заболените.

3. Како започнува карциномот на белите дробови, кои се првите симптоми?

Карциномот на бели дробови започнува тивко, без одредени предупредувачки симптоми. Како што стадиумот на болеста напредува така се појавуваат и симптомите како долги и хронични кашлици, болки во градите, особено за време на вдишувањето, искашлување на крв и замор.

4. Како се дијагностицира карциномот на белите дробови, дали за овој тип на карцином постојат превентивни прегледи?

Во повеќето случаи, лекарите не се сомневаат на постоење на карцином на бели дробови се додека не се појават првите симптоми на хронична кашлица или отежнато дишење. Карциномот на белите дробови може да се открие уште многу рано со помош рендген на бели дробови или компјутерска томографија. Во одредени земји се прават бесплатни годишни скрининзи за карцином на бели дробови кај луѓето на возраст од 55 до 80 години, кои пушат подолг период од 15 години.  Доколку постои сомневање дека се работи за карцином кој е видлив на рендген или канцерогените клетки се појавиле на тестирањата на плунката, се користи дијагностичката мерка биопсија за да се утврди дијагнозата. Обично со игла се зема мал примерок на сомнителни маси, кои се дијагностицираат под микроскоп. Со проучување на примерокот, докторот може да дознаете дали се работи за карцином на бели дробови и каков вид е.

5. Колку пасивнотот пушење има влијание врз оваа болест?

Вистина е дека пушењето е на врвот причини за карцином на белите дробови, но тоа не е единствениот фактор на ризик. Вдишувањето на чадот од цигарите, исто така, е голем ризик фактор. Луѓе кои се во брак со пушачи се за 20% до 30% поголема веројатност да развијат карцином на белите дробови од непушачите.

Најпрецизен зрачен третман со TRILOGY

Акцелераторот TRILOGY овозможува прецизен третман на карцином на бели дробови со користење IGRT. Пред и во текот на третманот се снима туморот со цел прецизно да се одреди неговата положба. Ова е многу важно, особено за овој тип карцином кај кој при  дишење се менува неговата положба. На овој начин се следи туморот во текот на третманот, се зрачи со високи дози, а во исто време е максимално заштитено околното ткиво и другите витални органи како срцето.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!