Предностите на лутата храна

Секој од нас ужива кога на трпезата ќе има нешто луто. Иако не треба да се консумира многу често, лутата храна има и свои предности. Таа помага при слабеењето, ја спречува појавата на карцином, го намалува крвниот притисок, го штити срцето, но и ослободува од стрес.

Лутите пиперчиња го штитат нашиот организам од кардиоваскуларни болести, но се корисни и за намалување на штетното влијание од лошиот холестерол.

Доколку имате проблем со вишокот на телесна тежина, зачинетата и лута храна може да ви помогне со овој проблем, таа помага телото да согори што повеќе калории. Лутите пиперчиња го намалуваат и крвниот притисок и ги опуштаат крвните садови. Во продолжение ви нудиме еден интересен лут рецепт – Супер лут црн грав

Потребни состојки:

1 лажица маслиново масло
1 кромид – исечкан
3 црвени пиперки – ситно сечкани
10 свежи печурки – пресечени на коцки
6 чери домати
1 лажица црн пипер
1 лажица ким
1 лажица чили
2 конзерви црн грав – исушени и исплакнати
1 ½ шолја пилешка супа
1 лажица сол

Начин на подготовка:

Загрејте масло во големо тенџере на средна температура. Ставете го кромидот, пиперките, печурките, доматите и пченката и пржете ги 10 минути, односно додека кромидот не стане прозирен. Зачинете со црниот пипер, кимот и чилито. Полејте со црниот грав, пилешката супа и солта. Гответе додека не зовријат.

Сервирајте за 8 лица.

Уживајте!

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!