Дали предолгото седење го зголемува ризикот од канцер?

Прекумерното седење и неактивност доведува до појава на обезност, која го зголемува ризикот од појава на одреден тип канцер. Неодамнешна студија која опфатила 70.000 пациенти со канцер покажала дека луѓето кои поминуваат поголем дел од времето во седење имаат поголем ризик за развој на ендометријален, канцер на дебелото црево и канцер на белите дробови.

Дневните навики се рефлектираат на здравјето

Вашите дневни навики се рефлектираат на здравјето во целина. Погрешно е мислењето дека физичката активност од час и половина ќе го надомести 8 часовното седење пред компјутер.

За почеток, направете неколку промени и пробајте да се раздвижите додека сте на работа, а тоа да не влијае на работниот процес.

* Направете пауза секој час и напијте се чаша вода

* Станете додека зборувате на телефон.

* Кога постои можност, наместо да испратите е-маил до секретарката, отидете до нејзиното работно место.

Студијата покажала изненадувачки факти

Она што е изненадувачки факт е дека неактивноста и долгото седење не се директно поврзани со канцерот на дојки, кој, пак, заедно со ендометријалниот и со канцерот на дебело црево е поврзан со обезноста. Исто така, изненадувачки е тоа што долгото седење се поврзува со канцерот на бели дробови, кој пак повеќе се поврзува со пушењето отколку со обезноста.

Податоците на студијата која опфатила 70.000 пациенти се базираат врз основа на исказите на пациентите за тоа колку биле активни во текот на денот. Поради тоа, тие укажуваат на изненадувачки релации, но не претставуваат научно докажани факти. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!