Општо познат е фактот дека големи количини шеќер го оштетуваат ткивото на срцето и предизвикуваат разни болести.
Бројни истражувања покажаа дека хронично високите нивоа на шеќер во крвта (поврзани со неконтролиран дијабетес и други состојби) доведуваат до атеросклероза и срцеви заболувања. Но, точните ефекти на шеќерот врз ткивото на срцето сè уште не се јасни.
Оптоварување на срцето
Многу истражувања откриваат повеќе околу поврзаноста помеѓу исхраната и кардиоваскуларните болести.
Во нив се објаснува следново. Мал молекул – гликоза 6 (G6P) кој е продукт од шеќерот, е прикажан како причина за оптоварување на срцето. Всушност ги намалува функциите на срцевиот мускул, што на крајот доведува до откажување на срцето.
Акумулирањето на G6P во крвта (што е случај во храната богата со шеќер) го оштетува срцевиот мускул, кој е веќе оптоварен од високиот крвен притисок и холестеролот.
Луѓето кои хронично имаат висок крвен притисок и високо ниво на холестерол би требале повеќе да се информираат на оваа тема.
Лекови кои го блокираат шеќерот
Лековите кои го блокираат шеќерот го заштитуваат срцевиот мускул од стрес.
Храна со високо ниво на шеќер и скроб го зголемува ризикот за дебелеење, дијабетес и срцеви заболувања, па затоа секоја информација во врска со директните ефекти на шеќерот врз срцевото ткиво е добредојдена.