Превенирајте ги болките во грбот

Едно американско истражување вели дека 8 од 10 Американци имаат болки во грбот во одреден период од нивниот живот. Еве неколку совети како да го заштитите и подобрите здравјето на вашиот ’рбет.

Едно американско истражување вели дека 8 од 10 Американци имаат болки во грбот во одреден период од нивниот живот. Еве неколку совети како да го заштитите и подобрите здравјето на вашиот ’рбет.

1. Јадете здраво. Здравата и добро избалансирана храна ги одржува вашите коски и мускули здрави.

2. Одржувајте здрава телесна тежина. Вишокот килограми дополнително предизвикува стрес во структурите во долниот дел на ’рбетот.

3. Редовно вежбајте. Истегнувајте се со цел да ја одржите флексибилноста на вашите зглобови и да ги зацврстите мускулите околу ’рбетот и во абдоменот.

4. Избирајте спортови од типот на возење велосипед и пливање, тие не се ризични за долниот дел од ’рбетот.

5. Употребувајте добри механизми при извршувањето на секојдневните активности. Обрнете внимание на тоа како седите, стоите и кревате товар. Потрудете се да го држите грбот исправено и рамената кон назад. Додека седите држете ги колената свиткани, а стапалата рамни со подот и избегнувајте претерани и постојани движења. Кога кревате, свиткувајте ги колената и употребувајте ги мускулите на нозете за да ја избалансирате тежината на товарот.

6. Потрудете се да внимавате на вашето држење. Доколку почнете да се чувствувате вкочането и уморно додека стоите, сменете го држењето и телесните механики. Болката ќе ви биде прв сигнал дека имате лошо држење.

7. Носете удобни чевли

8. Не пушете. Тутунот влијае на дотокот на крвта во ’рбетот.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!