Акните се многу честа појава. Повеќето од луѓето се соочуваат со овој проблем во одреден степен, но, сепак, акните најчесто се јавуваат кај тинејџерите како резултат на хормоналните промени. Акните можат да бидат благи, умерени или сериозни. Третманот на акните се разликува во зависност од степенот на интензитет.
Акните пред сѐ се хормонална појава предизвикана од машките хормони која најчесто станува активна за време на пубертетот. Сензитивноста на овие хормони во комбинација со површинските (кожните) бактерии и липидите во лојните жлезди доведува до појавата на акни.
Најчестите места каде што излегуваат акните се лицето, градите, рамената и грбот, односно токму на местата каде има лојни жлезди.
Акните всушност можат да бидат комедони (со бели или црни завршетоци), папули или пустули (мали испакнатини) нодули или цисти.
Иако акните отсекогаш биле нормална појава, некои фактори можат да ја влошат состојбата.
– Промени во нивоата на хормоните за време на менструалниот циклус
– Постојано допирање и стискање на лезиите
– Носење затворени капи, кациги и шлемови
– Загадување на воздухот, како и други временски услови од типот на висока влажност на воздухот
Само три лекови се покажаа како најефективни во третманот на акните, и тоа бензиол пероксидот, ретиноидите и антибиотиците. Пациентите подлежат на некои од овие третмани, во зависност од степенот на интензитетот на акните.
Бензиол пероксидот ја напаѓа бактеријата која се наоѓа на површината на кожата, која има улога да ја раздразни акната.
Ретиноидите се комедолити и имаат улога да ги уништат комедоните. Најголемиот број пациенти подлежат на ретиноидната терапија.
Антибиотиците се нанесуваат на кожата (клиндомицин, еритромицин) или се земаат како лекови (тетрациклин) ја контролираат бактеријата која се наоѓа на површината која ја влошува состојбата на акните. Антибиотиците се најефективни во комбинација со бензоил пероксид или ретиноиди.
Кај некои жени се препишува и хормонска терапија. Таа содржи мали количини естроген и прогестерон.