Причини за пад на сексуалниот нагон и негово лекување

Некои луѓе прават многу работи кога се под стрес, но сигурно не се чувствуваат секси. Стресот на работа, дома и во врската стана дел од секојдневието. Навистина може да помогне ако научиме како да се справуваме со него на здрав начин. Самите можете да направите многу работи за да си помогнете, а можете да се консултирате и со советник или доктор.

Некои луѓе прават многу работи кога се под стрес, но сигурно не се чувствуваат секси. Стресот на работа, дома и во врската стана дел од секојдневието. Навистина може да помогне ако научиме како да се справуваме со него на здрав начин. Самите можете да направите многу работи за да си помогнете, а можете да се консултирате и со советник или доктор.

Проблемите со партнерот се најголемиот „убиец“ на сексуалниот нагон. За жените, најголема желба е блискиот однос со партнерот. Кај двата пола, последиците од секојдневните расправии, слабата комуникација, кога партнерот се чувствува како да е предаден, или други прашања поврзани со довербата меѓу партнерите резултираат со намален сексуален нагон.

Една или две чаши алкохол можат да ви го зголемат сексуалниот нагон, но претерувањето со алкохол може комплетно да ви ја згасне желбата. Доколку имате проблеми со контролата за пиење, побарајте помош од доктор.

Доколку имате проблеми со ерекцијата, можеби не сте доволно наспани и одморени. Дали легнувате многу доцна и станувате многу рано? Дали имате проблеми од типот на несоници, често станување среде ноќта или слип апнеа? Поврзаноста меѓу сексуалниот нагон и спиењето е многу тесна. Заморот многу често знае да го згасне сексуалниот нагон. Трудете се порано да си легнувате и да спиете доволно, доколку проблемот сè уште постои, побарајте помош од доктор.

Постојат лекови кои можат да ви го нарушат сексуалниот нагон. Некои од нив се:

–          Антидепресиви

–          Лекови за контролирање на крвниот притисок

–          Анти беби пилули

–          Хемотерапија

–          Анти ХИВ лекови

–          Финастерид

Престанување со некои лекови или менување на терапијата може да помогне. Никако не го правете ова самите. Секогаш консултирајте се со доктор околу менувањето на терапијата.

За да се чувствувате „секси“ многу е битно да ви се допаѓа вашиот изглед. Потрудете се да го прифатите изгледот на вашето тело какво што е во моментов, иако напорно работите да го поправите. Доколку се чувствувате убаво во вашата кожа тоа може да го подигне вашето расположение. Доколку забележите дека вашиот партнер има намалена самодоверба, пoтрудете се да му ја вратите кажувајќи му дека е секси.

Мажите кои имаат еректилна дисфункција секогаш се загрижени за тоа дали некогаш во животот повторно ќе бидат сексуално активни. Еректилната дисфункција може да се излекува.

Хормонот „Т“, тестастерон, го подигнува сексуалниот нагон. Како човекот старее така „Т“ нивоата се намалуваат. Сепак, ова не им се случува на сите мажи. Многу други фактори, од типот на односот во врската или дебелината можат да играат улога во опаѓањето на „Т“ нивоата.

Депресивноста, исто така, може да го згасне задоволството за многу работи. Една од нив е сексуалниот нагон. Разговарајте со вашиот доктор и кажете му ја вашата состојба, бидете прецизни бидејќи лековите против депресија го намалуваат сексуалниот нагон.

Кај многу жени намалувањето на сексуалниот нагон се случува околу периодот на менопаузата. Причината може да бидат симптомите на вагинална сувост и болка за време на сексуалниот однос. Но, кај секоја жена не е исто. Некои партнери силно работат на самодовербата на жената, па на тој начин имаат одличен сексуален живот и по периодот на менопаузата.

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!