Неколку знаци кои укажуваат дека имате проблеми со алкохолот

Без оглед на тоа дали луѓето признаваат или не, проблемите со прекумерното консумирање алкохол се почести отколку што мислите. Луѓето кои овој проблем ќе го препознаат пред да стекнат целосна зависност имаат повеќе шанси да ја намалат консумацијата на алкохол, но и да ја минимизираат улогата која ја игра алкохолот во нивните животи.

Без оглед на тоа дали луѓето признаваат или не, проблемите со прекумерното консумирање алкохол се почести отколку што мислите. Луѓето кои овој проблем ќе го препознаат пред да стекнат целосна зависност имаат повеќе шанси да ја намалат консумацијата на алкохол, но и да ја минимизираат улогата која ја игра алкохолот во нивните животи.

Како да ги препознаете овие проблеми?

Не се сите симптоми исти за сите луѓе, но секако дека некои од нив можете да ги препознаете и да си признаете дека имате проблем.

Си поставувате граници, но не ги почитувате

Доколку често се обидувате да се ограничите на одреден број пијалаци кои планирате да ги испиете во една вечер и речиси секогаш ја преминувате границата, значи дека имате проблем. Доколку сакате да си помогнете, потрудете се да откриете што е тоа што ве тера да пиете алкохол и едноставно избегнувајте го. Уште подобро, водете дневник во кој би ги запишувале вашите чувства поврзани со пиењето и направете листа на причини поради кои не би требало да пиете.

Вашите пријатели коментираат во врска со тоа колку пиете

Еден од знаците дека ја губите контролата врз алкохолот е тоа што вашите пријатели почнуваат, со зачудувачки тон, да ви зборуваат колку многу пиете и колку добро поднесувате алкохол. Често луѓето побрзо добиваат сигнал од околината отколку што самите доаѓаат до некои заклучоци.

Лекарите поставуваат граница на пиење алкохол која изнесува најмногу три чаши во текот на денот, или најмногу седум во текот на една недела.

Доколку пиете во рамките на овие граници, шансите дека немате проблем со алкохолот се големи. Но, запомнете дека нискиот ризик не значи дека ризикот не постои.

Најголемиот дел од вашите планови е врзан со алкохол

Кога алкохолот станува центар на вашиот друштвен живот и „трчате“ од една во друга тура, а воедно ги избегнувате активностите кои порано сте ги сакале и не вклучувале алкохол, тогаш сте на опасна територија. Потрудете се наместо на пијалак, со вашите пријатели да посетите кино, одете во природа, релаксација или играјте некоја интересна друштвена игра.

Посегнувате по алкохол секогаш кога сте под стрес

Речиси сите луѓе се помалку или повеќе под стрес. Алкохолот може за кратко да ви пружи олеснување кога сте вознемирени, но брзо ве „остава на цедило“ и ве прави уште понервозни.

Обидете се  против стресот да се борите со други техники, од типот на медитација, прошетка или спорт.

И самите сте загрижени поради прекумерното консумирање алкохол

Доколку самите почнувате да станувате загрижени поради консумирањето алкохол, тогаш шансите да сте зависни се многу големи.  Доверете му се на некого кого добро го познавате и му верувате и консултирајте се со доктор. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!