Професионален третман на предвремено родени новороденчиња

Одделот за неонатална интензивна нега во „Аџибадем Систина” е исправен пред најголемите и најсуптилни предизвици во медицината да се спасат животите на критично болните новороденчиња, но и на најмалите предвремено родени деца. За успешното работење на единствениот оддел од ваков тип во приватните болници во земјава и регионот разговаравме со д-р Душко Фидановски, шеф на Одделот педијатрија во Клиничката болница „Аџибадем Систина”.

Одделот за неонатална интензивна нега во „Аџибадем Систина” е исправен пред најголемите и најсуптилни предизвици во медицината да се спасат животите на критично болните новороденчиња, но и на најмалите предвремено родени деца. За успешното работење на единствениот оддел од ваков тип во приватните болници во земјава и регионот разговаравме со д-р Душко Фидановски, шеф на Одделот педијатрија во Клиничката болница „Аџибадем Систина”.

Oд кога функционира Одделот за неонатална интензивна нега во Клиничката болница „Аџибадем Систина” и која е неговата цел?

Од самото отворање на Клиничката болница „Аџибадем Систина” почна да функционира и Одделот за неонатална интензивна нега, со што станавме единствена приватна болница со ваква дејност во Македонија, а и во поширокиот регион. Располагаме со најсовремени модуси на механичка вентилација, неинванзивни модели на механичка вентилација, тотална парентерална и ентерална исхрана. Co инвестирањето во најмодерниот транспортен инкубатор Одделот нуди можност и за транспорт на критично болни новородени деца. Одделот се грижи за здравјето и благосостојбата на новороденчето без оглед дали се работи за критично болно, предвремено родено или бебе кое има потреба од специјално следење. 

Какви состојби се третираат на овој оддел?

На нашиот оддел се третираат предвремено родени новороденчиња и состојби кои се поврзани со незрелоста асфиксии, проблеми со исхраната (потреба од специјални режими на исхрана), инфекции и состојби кои бараат постхируршко згрижување на новороденчињата со потреба од хируршки третман.

Кое е најмалото бебе кое било згрижено на Одделот?

Едно од најмалите бебиња кои преживеале и имаат добар квалитет на живот со минимални последици е бебе родено со родилна тежина 670 грама. Сега веќе има 3 години и нормално расте и се развива. Кога станува збор за најмало дете преживеано на нашата интензивна нега е дете родено во 25. гестациска недела. Детето беше со компликации очекувани за деца со таква зрелост, кои успешно беа надминати и сега е на возраст од 2,5 години и е со добар раст и развој. Ваквите незрели деца родени толку предвреме обично бараат престој и третман во единици за интензивна нега од 2 до 4 месеци.

Co каква опрема располага Одделот?

Одделот располага со најсовремена опрема за згрижување и престој на новородените (инкубатор и топли легла т. н вормери или baby term), мониторинг (24-часовно следење на основните витални параметри) и помош при дишењето (т. н. машини за инванзивна и неинванзивна респираторна поддршка респиратори). Битно е да споменеме и дека располагаме со најсовремена апаратура за дијагностика (ехо и рендген дијагностика која се поставува на местото каде што престојува бебето), со што за многу кусо време се поставува точна дијагноза. Одделот располага со високо стручен и професионален тим од доктори и сестри кои се обучени за работа во единици за интензивна нега и за изведување итен транспорт на новороденчиња.

Една од предностите е и транспортот на критично болни деца

Неонатален итен транспортен сервис (НИТС) е специјализиран санитетски транспорт од еден до друг медицински центар на критично болни новороденчиња. За негово успешно спроведување неопходна е соодветна опрема, специјално санитетско возило и едуциран медицински тим. Итен неонатален транспорт побаруваат новородени кои се во тешка, животно загрозувачка состојба кои бараат третман за нормализирање на виталните параметри. Транспортот се изведува со инкубатор кој обезбедува следење на виталните параметри на новороденчето, но и можност за третман, вклучително и можност за употреба на вештачка вентилација, за пациенти кои имаат потешкотии во дишењето. Главната предност на итниот транспорт е што интензивното лекување започнува уште за време на трансферот, односно уште пред новороденчето да биде донесено за интензивна терапија.

 

 

 

 

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!