Редовните прегледи може да ви го спасат животот

Карциномот на дојка се лекува, но мора навреме да се открие. Во прилог ви објаснуваме кои тестови и процедури се користат во дијагнозата на карцином на дојка:

Клинички преглед на дојки

Докторот ќе ги прегледа вашите дојки со цел да утврди дали има присуство на грутки или други абнормалности.

Мамограф

Мамографот претставува снимање на градите. Овие апарати најчесто се користат во дијагноза  карциномот на дојка.  Се препорачува секоја жена над 40 години еднаш годишно да направи мамографија. Доколку во семејството има заболен од карциномот на дојка, со мамографски преглед треба да се почне многу порано.

Ултразвук за дојка

 Ултразвукот прави снимки од деловите на дојката кои се подлабоко во внатрешноста . Ултразвукот може да помогне во разликувањето на солидната маса и цистата полна со течност. Се препорачува за прегледи на помлади жени.

Отстранување на примерок од клетките на градата за испитување (биопсија)

Примероците од биопсијата се праќаат во лабораторија на анализа. Патолозите утврдуваат дали се работи за канцерозни клетки или не. Примерокот, исто така, се анализира со цел да се утврди типот на клетката која се наоѓа во внатрешноста на дојката, стадиумот на карциномот и дали канцерозните клетки имаат хормонски или други рецептори кои би можеле да влијаат врз третманот. 

Магнетна резонанца (MRI)за снимање дојки

Магнетната резонанца користи магнет и радио зраци за да направи снимки од внатрешноста на дојката.

Во зависност од состојбата на пациентот, можно е да бидат потребни и други испитувања. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!