Редовно посетувајте гинеколог!

Престанете да ги проверувате вашите симптоми на интернет и самите да си поставувате дијагноза. Може да имате сериозни здравствени последици. Речиси сите гинеколошки проблеми можат успешно да се излечат, но неопходно е што порано да се посети гинеколог.

Вагиналните и цервикалните брисеви не откриваат канцер туку промените кои се случуваат во клетките на грлото на матката кои можат да укажуваат на претканцерозни промени. Истражувањата покажуваат дека на 90% од жените на кои им е откриен карцином на грлото на матката на превентивен преглед  имаат шанси да се излекуваат, додека оние кои веќе покажуваат одредени симптоми имаат 60% шанса да бидат излекувани.

Некои видови ХПВ се поврзуваат со ризик од карцином на грлото на матката. Доколку тестот покаже одредени абнормалности, пациентката треба да направи колпоскопија, испитување на слузокожата на матката.

Исто така, важно е при депилација да не се отстрануваат сите влакна. На тој начин можете да предизвикате потемнување на кожата и поголема склоност кон инфекции.

Намалете ја телесната тежина. Пола од случаите на карцином на ендометриум се поврзани со дебелината. Масното ткиво го зголемува нивото на естроген, што влијае врз зголемувањето на ризикот од појава на овој вид канцер.

Доколку почувствувате чешање во гениталниот предел и не поминува во рок од четири дена додека земате терапија за габична инфекција, тогаш може да станува збор за бактериска инфекција. Доколку вагиналниот исцедок е со сива боја и има непријатен мирис, тогаш, најверојатно, ќе треба да се вклучат антибиотици.

Многу жени болките во стомакот ги поврзуваат со циста на јајчникот. Болката на цистата на јајчникот се јавува во долниот дел на стомакот. Цистата најчесто е безопасна, но во секој случај таа треба да се провери.

Нормалниот циклус трае од 21 до 35 дена и се јавува во точно одредено растојание. Невообичената болка, долгото времетраење на циклусот и преобилното крвавење можат да укажуваат на некој гинеколошки проблем.

Симптоми кои никако не смеете да ги игнорирате се крвавење по сексуален однос. Ова секогаш претставува знак на предупредување. Може да станува збор за ендометриоза, па дури и карцином на грлото на матката. Затоа за овој проблем морате да разговарате со гинеколог. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!