Иако не многу често, карциномот на дојката може да се јави и кај бремени жени и мажи. На 1000 бремености има 2 или 4 случаи на карцином на дојка. Процентот на карцином на дојка кај мажите е помал од 1%.

КАРЦИНОМ НА ДОЈКА КАЈ БРЕМЕНИ ЖЕНИ:

Карциномот на дојката е најчестиот тип канцер присутен кај бремени жени и доилки. Истражувањето покажува дека од 1000 бремености, постојат 2 до 4 случаи на карцином на дојка. Поради бременоста постои веројатност овој канцер подоцна да се открие бидејќи физиолошките промени во дојката може да го збунат пациентот и докторот. Како резултат на тоа, кога канцерот е дијагностициран, може веќе да е раширен во лимфните јазли на пазувите.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!