Дијабетес мелитус, или кај народот позната како шеќерна болест, претставува најчеста хронична болест во светот. Како резултат на нездравиот животен стил кој подразбира лоша исхрана, намалена физичка активност, секојдневен стрес, се зголемува и бројот на заболени од дијабетес. Што е дијабетес и како да ја превенирате оваа болест, разговаравме со проф. д-р Чедомир Димитрoвски, ендокринолог.