Сè што треба да знаете за тенко-иглената биопсија

Тенкоиглената аспирациона биопсија (FNAB – fine needle-aspiration biopsy, eng.) е техника со која се пунктираат мекоткивни тумори во различни делови на телото со помош на игла под дејство на вакуум. Со оваа техника се овозможува да се добијат доволно клетки кои патологот ги проследува за цитолошка, односно микроскопска анализа. На тој начин се поставува ориентациона дијагноза како што е воспаление, бенигни тумори, циста или канцер.

Тенкоиглената аспирациона биопсија (FNAB – fine needle-aspiration biopsy, eng.) е техника со која се пунктираат мекоткивни тумори во различни делови на телото со помош на игла под дејство на вакуум. Со оваа техника се овозможува да се добијат доволно клетки кои патологот ги проследува за цитолошка, односно микроскопска анализа. На тој начин се поставува ориентациона дијагноза како што е воспаление, бенигни тумори, циста или канцер.

Каде се користи?

Tенкоиглената аспирациона биосија е особено корисна при дијагностика на болестите на: тироидната жлезда, вратот и лимфните јазли, цисти, плункови жлезди, дојка, мекоткивни (поткожни) тумори по телото (липоми, фиброми и сл.)  Тенкоиглената аспирациона биопсија е особено ефикасна доколку истата се изведува под ултразвук кога може да се пунктираат и грутки во некои органи кои не може да се напипаат (на пример мали лимфни јазли на врат, под пазувата и сл.). Важноста на оваа метода се состои во тоа што е евтина, безболна и брза метода според која пациентот веднаш знае со што се соочува, а хирургот или клиничарот добиваат информација од патологот каков треба да е понатамошниот третман на пациентот.

Кој ја изведува тенкоиглената биопсија?

Тенкоиглената аспирациона биопсија треба да ја изведе искусен лекар. Во нашата практика обично тоа треба да го изведува патологот бидејќи во текот на пункцијата ќе ги добие сите важни информации од пациентот за почетокот и текот на болеста, а тоа ќе му овозможи побрзо да го предвиди резултатот од анализата. Особено важен е визуелниот контакт на патологот со промената која треба да се пунктира (место, форма, големина, боја на кожа над промената, содржината на аспирираната течност и сл.). Во недостиг на патолози со кои се соочува нашата здравствена дејност, оваа техника денес успешно ја изведуваат и искусни радиолози и лекари специјалисти по нуклеарна медицина со помош на ултразвук.

Како се изведува тенкоиглена биопсија?

Во промената што треба да се пунктира се внесува мала игла. Местото на пункција се дезинфицира, а по потреба и се обезболува (најчесто нема потреба бидејќи процесот е мно- гу брз – 10 до 15 секунди). Со помош на вакуумот во шприцот се вади мала количина ткивна течност. Течноста се нанесува на предметно стакло, а тоа се става во алкохол. По 5 минути, стаклото е подготвено да се бои со специјални боења за клетки (цитолошка техника на боење) за да се разликуваат клеточните елементи. Оваа постапка е ефикасна од аспект што кај пациентот се избегнува отворена хируршка биопсија, што е повеќе болна и скапа метода, но, секако, поточна.

По цитолошката анализа резултатите може да се класифицираат во 5 групи со следниот резултат:

Ако цитолошкиот наод е во класификациска група 1 или 2, значи промената е бенигна. Ако природата на новосоздадената маса е воспалителна, потребен е антибиотски третман. Ако е циста или бениген тумор потребна е хируршка интервенција, која не е итна со исклучок ако туморот не прави притисок на некој важен орган (пример, голема циста на врат може да ги притиска горните дишни патишта и да доведе до задушување). Ако цитолошкиот наод е класификациска група 3 или 4, значи наодот е сомнителен и тогаш е потребна ткивна биопсија, која се обработува со друга техника и која најчесто ги расчистува дилемите дали се работи за бенигни или малигни тумори (на пример, папилом на дојка е обично бенигна промена, но зад таа промена неретко се крие некој бавнорастечки канцер). Ако цитолошкиот наод е класификациска група 5, се работи за канцер и тогаш е потребна итна, радикална хируршка интервенција.

Компликации и недостатоци

Ниедна медицинска постапка не е без ризици. Но, истите кај аспирационата биоспија се многу мали. Поради малата големина на иглата, нема можност за проширување на канцер- ски клетки на местото на пункцијата (од ова особено се пла- шат пациентите кои првпат ја користат оваа техника). Од другите компликации кои се исклучително ретки; најчесто е локалното крвавење. Ако крвавењето се јавува кај сите, тоа генерално се манифестира како мала модринка. Сепак, ризикот е минимален. Локалната инфекција е ретка. Најнесоодветниот момент од аспирационата биопсија е ако бројот на клетките при аспирација е мал или ако во размаските од пунктатот има многу крв. Тоа дов
едува некогаш резултати- те од аспирационата биопсија да се неопределени па целата постапка треба да се повтори или да се користат алтернативни техники за земање ткивни примероци.

Ултразвук и ендоскопски процедури

Тенкоиглената аспирациона биопсија не е доволна како дијагностичка алатка. Меѓутоа, нејзината употреба во комби- нација со други техники, како ултразвук, може да овозможи прецизна аспирација од заболеното место, а со тоа и да го подобри квалитетот на анализираниот примерок (многу важен момент за патологот за да се избегне повторување на постапката). Исто така, може да се користи и со ендоскопските процедури со внесување на инструментите за биопсија со ендоскопска апаратура. Ова значително ја намалува по- требата од инванзивни хируршки интервенции.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!