Сè што треба да знаете за туларемија

Д-р Билјана Ќурчиќ Трајковска, специјалист по микробиологија од „Аџибадем Систина“ специјално за вас подготви информативен текст – сè што треба да знаете за туларемија. Со оглед на нејзината зачестеност, дознајте што ја предизвикува, како се дијагностицира и како се пренесува.

Што е туларемија?

Туларемија e зооноза – тип на инфекција штосе пренесува од животни на луѓе. Предизвикана е од бактеријата Francisella tularensis,која напаѓа многу животни, особено мали глодари, зајаци, птици, мали цицачи. Оваа бактерија е многу инфективна затоа што се доволни до десет бактерии за да се предизвика инфекција. Застапена е во сите земји на северната хемисфера.

Трансмисија

Човекот се заразува на повеќе начини, но главно: преку каснување на крлежи и комарци (кои претходно каснале заразено животно), преку оштетена кожа која доаѓа во допир со заразено животно или мрша, со вдишување на контаминирана прав, или, пак, со пиење контаминирана вода во која се наоѓаат овие бактерии.

Болест и симптоми

Постојат повеќе облици на оваа болест, видот на инфекцијата зависи од влезната врата на бактеријата, а од тоа ќе зависат и симптомите. Првите симптоми обично се јавуваат два до пет дена по контактот со бактеријата, иако се опишани случаи каде симптомите настанале веднаш следниот ден или, пак, доцна, дури по неколку недели. Главните симптоми се висока температура, општа слабост, грозница, болка во мускулите, главоболка, сува кашлица, па затоа велиме дека е состојба која потсетува на грип, а често е проследена и со болка во грлото, пролив и повраќање.Можат да се појават чиреви како резултат на каснување проследени со отечени и болни лимфни жлезди и температура. Кога се јавува воспаление на белите дробови и таканаречено труење на крвта тогаш станува збор за сериозна форма на инфекцијата и задолжително е лекување во болнички услови.

Дијагноза

Дијагнозата се поставува врз основа на лабораториски тестови кои детектираат антитела на Francisella tularensis во серумот на пациентот. Секоја состојба сомнителна за туларемија поради опасност од животнозагрозувачки форми, како и можност за појава на епидемија, мора да се потврди со лабораториски дијагностички тест. Во нашата болница се изведува овој тест.

Терапија

Лекувањето на туларемија е со антибиотици. Стрептомицин и гентамицин се лек на избор, вообичаено во траење од 10 дена.

Превенција

Спречување на ширење на инфекцијата подразбира избегнување контакт со крлежи и комарци користејќи репеленти при престој во природа, употреба на заштитна облека при контакт со глодари или мрши. При појава на сомнителни симптоми задолжително е јавување на лекар и изведување на тестот за туларемија, особено во период на епидемии на инфекцијата или во време на природни непогоди кога се зголемува бројот на мали глодари во населените места.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!