Сè за цервикален карцином

Според статистиката, секоја година во светот 500.000 жени се дијагностицирани со карцином на грло на матката. Тој е еден од најчестите видови канцер кој ги зафаќа женските полови органи. Во последните години бројот на жени со оваа дијагноза значително се зголемува, а особено загрижува фактот што голем дел од нив се млади девојки.

Според статистиката, секоја година во светот 500.000 жени се дијагностицирани со карцином на грло на матката. Тој е еден од најчестите видови канцер кој ги зафаќа женските полови органи. Во последните години бројот на жени со оваа дијагноза значително се зголемува, а особено загрижува фактот што голем дел од нив се млади девојки.

Што е цервикален карцином?

Овој вид карцином го зафаќа долниот дел од матката, односно цервиксот, кој ги спојува вагината со матката. Настанува кога на површинскиот слој од грлото на матката се појавуваат абнормални клетки наречени „прекурсори на карцином“. Станува збор за прекарциномни структури кои доколку не се дијагностицираат во почетниот стадиум, можат да преминаат во карцином на матката. Основен одговорен фактор за оваа промена е ХПВ, познат како хуман папилома вирус. ХПВ е вирус што се пренесува по сексуален пат, затоа секоја жена треба барем еднаш годишно да направи ПАП тест бидејќи само преку овие тестови може да се откријат промените на грлото на матката. ПАП тестот овозможува рано дијагностицирање на абнормалните клетки во грлото на матката, пред тие да почнат да се менуваат во преканцерозни структури или да прераснат во карцином на грлото на матката. Во развиените земји, каде што жените редовно прават ПАП тест, значително е намалена стапката на болни од карцином на грлото на матката.

Кои се фактори на ризик?

Фактори на ризик кои можат да бидат причина за промена на клетките во грлото на матката се следните:ХПВ инфекција,возраст, прв сексуален однос во рана возраст, незаштитени сексуални односи и менување на повеќе сексуални партнери, лоши социо-економски услови, пушење, лоша генитална хигиена, недостиг на витамините А, Ц, Е во исхрана, како и дефицит на фолна киселина.

Кои се симптомите?

Карциномот на грлото на матката на почетокот може да нема манифестирачки симптоми, но може да биде пропратен со вагинално крвавење при сексуален чин, нечист вагинален исцедок, болки при мокрење или вагинална непријатност. Карциномот на грлото на матката може да зафати поголема површина и да се прошири кон празнината на матката, надолу кон вагината и странично на ѕидот на карлицата. Со својот притисок може да направи инвазија на мочниот меур и ректумот, па да се појави запек, траги од крв во урината, затнување на уретрата и хидроуретер (експанзија на уринарна цевка) или хидронефроза (проширување на бубрезите).

Како се дијагностицира?

ПАП тест – При примена на овој тест се зема брис од цервиксот, кој се испитува од страна на патолозите и се прави сортирање на нормални и абнормални клетки. Денес со редовни ПАП тест контроли се очекува смртноста кај пациентките заболени од карцином на грлото на матката да се намали за 70 отсто. Друга метода што овозможува директно набљудување на лезиите е колпоскопијата. Со помош на овој оптички инструмент грлото на матката може да се зголеми од 6 до 40 пати.

•ХПВ ДНК – При сомнителни резултати се препорачуваат методите за ХПВ типизација кога се одредува присутниот ДНК на некој тип на ХПВ. Ако наодот на ПАП тестот е нејасен, а ХПВ типизацијата е позитивна тогаш потребно е почесто следење на состојбата на пациентот.

Ако во резултатот на ПАП тестот се клетки сомнителни за тешка дисплазија или карцином, потребно е да се направи биопсија на промената. Со тоа би се поставила дефинитивна хистолошка дијагноза  и би се одредил понатамошниот третман.

Како се лекува?

Хирургијата, радиотерапијата и хемотерапијата се методи на терапија кои се користат во лекувањето на карциномот на матката. Во почетниот стадиум на карциномот ширењето на болеста е многу мало, затоа како преден план се користи хируршки третман. Хируршкиот третман е насочен кон отстранување на карциномот во областа каде што е примарниот карцином на грлото на матката и местата каде е можно ширење. Во напредните фази како основна форма на третман е радиотерапијата и хемотерапијата. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!