Покрај тоа што во лето уживаме во вкусните плодови на малините, листовите од стеблото на ова овошје во голема мера можат да помогнат со својата лековитост. Уште во минатото ова растение се користело за намалување на телесната температура, против воспаленијата, ја олеснува бременоста, лекува цревни воспаленија, ја прочистува крвта, го регулира месечниот циклус, го забрзува потењето, лекува кожни болести. Чајот треба да се пие 2-3 пати на ден – суви или свежи листови (1 лажичка) прелијте со врела вода (250 мл), оставете да отстојат и процедете ја течноста.
Можете да направите и облоги со свежите листови кои добро ќе ги истолчите, а смесата ќе ја ставите на болните места. Освен тоа, ова црвено овошје е богато со многу влакна и манган, кои го регулираат процесот на варење на храната, додека манганот го подобрува метаболизмот.
Елагинската киселина која ја има во малините го смалува ризикот од срцев удар и други срцеви заболувања. Тоа е така бидејќи оваа киселина го смалува холестеролот и високиот крвен притисок.
Само со неколку малини на дневна основа може да си помогнете во спречување на оштетувањето на црниот дроб и можноста за заболување од карцином.
Иако малините се слатки, нивните хранливи состојки помагаат во контролирање на нивото на шеќерот во крвта. Поради тоа, малините се добри за оние кои се болни од дијабетес тип 2.
Антиоксидантите и витамините во нив го прават ова овошје совршено за затегната и убава кожа. Кетоните го штитат телото од слободните радикали, што го забавува процесот на стареење.