Шесте главни улоги на вашиот нос

Заедно со устата и очите, носот е еден од највпечатливите елементи кои ги забележуваме кај луѓето. Со другите елементи го одредува визуелниот изглед на личноста. Покрај тоа што служи како влез за воздухот од надворешната средина, благодарение на комплексната структура го подготвува и прочистува воздухот пред да стигне во белите дробови. Прочитајте ги шесте интересни факти за улогата на вашиот нос.

Заедно со устата и очите, носот е еден од највпечатливите елементи кои ги забележуваме кај луѓето. Со другите елементи го одредува визуелниот изглед на личноста. Покрај тоа што служи како влез за воздухот од надворешната средина, благодарение на комплексната структура го подготвува и прочистува воздухот пред да стигне во белите дробови. Прочитајте ги шесте интересни факти за улогата на вашиот нос.

Најголемиот дел од воздухот влегува преку нос

Воздухот кој доаѓа до белите дробови влегува преку носот и устата. При нормално вдишување, носот е главниот влез низ кој доаѓа воздухот. Дури и при најагресивните вежби, каде дишењето е главно преку уста, одреден дел од воздухот навлегува преку носот. И покрај тоа што усната празнина е многу поголема за разлика од носните отвори, затнатиот нос претставува голема пречка за дишењето. Кога сме настинати се чувствуваме како да ни фали воздух.

Дишењето преку носот е особено важно кај новороденчињата, кои за време на цицањето најголемиот дел од воздухот го вдишуваат преку нос. Оваа уникатна карактеристика е резултат на состојбата на грлото кај новороденчињата која дозволува да цицаат и истовремено да дишат нормално. Повозрасните деца и возрасните луѓе ја губат таа функција.

Го навлажнува воздухот 

Благодарение на својата комплексна структура носот  го преработува воздухот пред да навлезе во грлото и белите дробови. Со тоа го навлажнува сувиот воздух внесен од надворешната средина кој како таков е погоден за грлото и белите дробови.

Носот го прочистува воздухот што го дишеме

Воздухот кој секојдневно го вдишуваме содржи кислород, азот, штетни честички, алергени, бактерии, вируси и уште многу други честички. На носната слузокожа се наоѓаат тенки влакна на кои се лепат штетните честички кои потоа преку слузот што го лачи носот се исфрлаат во надворешната средина (со кивање или дување на носот) или се голтаат па потоа се исфрлаат преку дигестивниот систем. На тој начин носот го прочистува воздухот пред да навлезе во белите дробови кои се чувствителни на загаден воздух.

Ја регулира температурата на воздухот

Како што загадениот воздух им пречи на грлото и белите дробови, на ист начин штетно влијае врз нив и премногу ладниот или топол воздух. Воздухот поминувајќи низ носот ја добива температурата на телото и на тој начин подобро се толерира од ткивата. Многу почеста функција е затоплување на ладниот воздух, особено во зимските денови кога температурите се многу ниски.  Ваквата функција на носот најдобро се манифестира преку течење на носот на ладно време кое се случува како резултат на кондензација на влага во носот кога е изложен на ладен воздух.

Ве заштитува

Високо во носот се наоѓаат и нервни клетки кои детектираат мирис. За да го осетиме мирисот треба воздухот што го вдишуваме да навлезе подлабоко во носот. Оттаму и неможноста за мирис кога сме настинати.  Сетилото за мирис е од големо значење за детектирање чад, расипана храна, отровни гасови и сл. 

Носот го одредува вашиот глас

Гласот во голема мера зависи од структурата на носот и грлото. Гласот се создава во гркланот, но тој глас е во вид на зуење. Вистинскиот глас настанува кога звукот минува низ грлото и носот. Во тоа е и разликата на звукот кој го дава вистинското пијано и детската играчка пијано. Пример за тоа е и променетиот глас кога сме настинати, бидејќи гласот се менува поради неможноста за негово правилно минување низ затнатиот нос. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!