Симптоми за карцином на дојка

Што е карцином на дојка?

По карциномот на кожа, карциномот  на дојка е најчесто дијагностициран кај женската популација. Може да се појави и кај мажите и кај жените, но кај жените е далеку пораспространет.

Што е карцином на дојка?

По карциномот на кожа, карциномот  на дојка е најчесто дијагностициран кај женската популација. Може да се појави и кај мажите и кај жените, но кај жените е далеку пораспространет.

Благодарение на подигнувањето на свеста кај жените за карциномот на дојка, новите истражувања покажуваат дека дијагнозата и третманот на оваа болест покажуваат сé подобри резултати. Стапката на преживување сé повеќе и повеќе расте, а  бројот на смртни случаи се намалува благодарение на бројни фактори од типот на рано откривање на болеста, новите третмани и зголемувањето на потребата да се разбере што всушност значи оваа болест.

Симптоми

 Знаците и симптомите на карциномот на дојка можат да вклучат:

–          Грутка или задебелување на градата која ја чувствувате различно од околното ткиво

–          Крвав исцедок од брадавицата

–          Промена во големината и формата на дојката

–          Промени во кожата на дојката, појава на дупчиња

–          Инвертирана брадавица

–          Лупење или печење на брадавицата или дојката

–          Црвенило или рапавост на кожата на дојката (како кора од портокал)

Доколку забележите грутка или друга промена во вашата дојка, иако резултатите од последниот мамограф биле во ред, веднаш закажете преглед. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!