Симптоми за кои мора да се консултирате со доктор

Болката во градите, губењето воздух, повредите во пределот на главата и честото повраќање се само дел од симптомите за кои е неопходно да се консултирате со вашиот доктор. Тој ќе ги направи сите потребни испитувања и ќе одлучи дали ситуацијата е сериозна и ви е потребен третман. Во продолжение дознајте кои се најчестите симптоми за кои ви е неопходен преглед од доктор.

Болката во градите, губењето воздух, повредите во пределот на главата и честото повраќање се само дел од симптомите за кои е неопходно да се консултирате со вашиот доктор. Тој ќе ги направи сите потребни испитувања и ќе одлучи дали ситуацијата е сериозна и ви е потребен третман. Во продолжение дознајте кои се најчестите симптоми за кои ви е неопходен преглед од доктор.

Болка во градите

Ако чувствувате болка или притисок во градите што трае  повеќе од неколку минути или често се повторува, консултирајте се со доктор. Во овие случаи не треба сами да возите автомобил и да појдете на најблиската болница. Повикајте некој близок кој ќе ве однесе или побарајте итна помош. 

Недостиг на воздух

Состојба за која треба да побарате помош од доктор е ако одеднаш додека ги извршувате вашите секојдневни активности се случи да останете без воздух. Причина за оваа состојба може да биде срцев удар или белодробна емболија (згрутчување на крвта во белите дробови).

Проблеми со видот

Симптомите дека гледате двојно, го губите видот или имате нејасна визија се можен предзнак за мозочен удар или некоја сериозна болест. Проблемите со видот може дополнително да доведат до појава на главоболка, гадење, повраќање, вкочанетост, општа слабост, вртоглавица или проблеми со зборувањето. 

Изгореници

Најчесто полесните изгореници од прв степен кои се карактеризираат со лесно црвенило, оток и болка во првиот слој на кожата може да се третираат дома. Но, ако изгорениците зафатиле поголем дел од кожата, рацете, нозете, зглобовите, колената или лактите, неопходна е стручна итна помош.

Повраќање

Доколку повраќате крв и имате силна главоболка, болки во стомакот, контузија или забрзано дишење, неопходна е консултација со доктор. Честото повраќање може да доведе до дехидратација.

Повреди во пределот на главата

Повредите во пределот на главата може да доведат до сериозна компликација доколку веднаш не се реагира. Дополнително ако чувствувате глабоволка која не поминува, упорно повраќање, мачнина, нејасен говор, губење на координација, консултирајте  со доктор или повикајте итна помош.

Стомачна болка

Кога болката трае подолго од 30 минути, особено ако е ненадејна и интензивна, побарајте доктор. Една од причините може да биде воспалено слепо црево, за кое е потребна итна хируршка интервенција. 

Верувајте ѝ на вашата интуиција

Една од најмоќните алатки е интуицијата, затоа верувајте ѝ. Ако вашиот инстикт вели дека треба да консултирате доктор  и дека ви е потребна помош, не чекајте. Бидете претпазливи кога се работи за сопственото здравје.

  

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!