Sleep apnea – паузи во дишењето при хрчење

Сигурно барем еднаш во животот силно сте посакале да ги затворите ушите за да престанете да го слушате звукот кој доаѓа од соседната соба, куќа или од вашиот кревет. Тој звук може да биде причина за долга ноќ без сон, и уште подолг ден во кој едвај чекате да се вратите дома и побрзо да си легнете. Звукот се вика хрчење. Што претставува хрчење то и кога може да биде опасно не само за добриот сон туку и за целокупното здравје?

Сигурно барем еднаш во животот силно сте посакале да ги затворите ушите за да престанете да го слушате звукот кој доаѓа од соседната соба, куќа или од вашиот кревет. Тој звук може да биде причина за долга ноќ без сон, и уште подолг ден во кој едвај чекате да се вратите дома и побрзо да си легнете. Звукот се вика хрчење. Што претставува хрчење то и кога може да биде опасно не само за добриот сон туку и за целокупното здравје?

Хрчењето настанува како резултат на вибрирање на мекото непце во грлото, носот, устата, кога спиеме. Предизвикано е од воздухот што циркулира низ овие делови, кој ако наиде на пречка или стеснување делумно или целосно доведува до нивно вибрирање. Причина за ваквото стеснување може да биде некоја анатомска малформација, зголемени крајници или поголема телесна тежина при која во пределот на вратот има повеќе масно ткиво кое притиска и го стеснува горниот дел на дишниот пат. Ова може да биде уште повеќе изразено кога сте пушач, имате алергија, носни полипи, а некогаш е доволно само носот да ви биде затнат, што може да се случи во текот на обична настинка.

Интензитет на хрчење

Хрчењето може да биде со различен интензитет и честота. Ако хрчите ретко, при што звукот што го произведувате е слаб, тогаш сте лесен хрчач, односно од прв степен. Ако хрчите повеќе од трипати неделно и звукот е поинтензивен, тогаш звукот е од втор степен. Ако хрчењето е секоја ноќ и може да се чуете и надвор од собата во која спиете, тогаш вашето хрчење е со интензитет од трет степен или тежок.

Паузи во дишењето, sleep apnea

 Проблемот за оној кој хрчи е тоа што оваа појава може да влијае на дишењето. Во тек на сонот мускулите се релаксираат па стеснувањето на горниот дел од дишниот пат уште повеќе се потенцира и може комплетно да го затвори. Ова блокирање доведува до пауза во дишењето (апнеа). Доколку таа пауза трае повеќе од 10 секунди и се случува повеќе од 5 пати во тек на еден час сон, тогаш не сте само обичен хрчач туку имате болест која се вика опструктивна sleep apnea (OSA). Кога престанувате да дишeте, кислородот во крвта почнува да паѓа на што реагира мозокот и ве буди, за да продолжите да дишете. Може во тек на еден час тоа да се случува повеќе од 100 пати. Овие будења не ви дозволуваат да влезете во длабок сон, туку постојано сте во површен, не ве одмора и наутро се будите уморни, тешко го напуштате креветот, имате утринска главоболка и сe` почесто се успивате кога на момент престанувате со некоја работна активност.

Влијае на вашиот социјален живот

Со тек на време овие луѓе стануваат депресивни или со краток „фитиљ“ и не може повеќе да ги препознае ниту околината ниту домашните. Хрчењето и sleep apneaта сe` повеќе ви го уништуваат пријателството, бракот и животот. Проблемот покрај социјален е и здравствен. Последиците се покачен крвен притисок кој тешко се регулира со таблети, срцеви аритмии, и до 34 % зголемена шанса за срцев удар и 67 % за мозочен удар. Генерализирана атеросклероза, изгубена потенција, нарушено помнење и ризик од со- обраќајна несреќа поради тоа што сте се успале додека возите. Ставете го под контрола хрчењето, сменете ги навиките Не секој што хрчи има sleep apnea, но веројатноста е многу поголема ако сте хрчач од втор или трет степен. Се смета дека 50% од тешките хрчачи имаат sleep apnea. Така хрчењето е знак за предупредување. Оваа состојба не може да се излекува, но може да се контролира. Контролата значи менување на животните навики: 4 часа пред легнување да се практикува да не се консумира храна, алкохол и цигара, да се спие на повисоко во странична позиција и задолжително да ја намалите телесна тежина ако сте над дозволеното.

Дијагноза во лабораторија за сон

За дефинитивна дијагноза на опструктивната sleep apnea потребно е да се направи полисомнографско испитување во лабораторија за сон. Потоа да се одреди лекувањето од страна на тим специјалисти, пулмолог кој се занимава со сон, кардиолог, невролог ендокринолог, ОРЛ и нутриционист. Решение има, затоа сме ние тука за навремено да ја дијагностицираме и третираме опструктивната sleep apnea и да ги сведеме на минимум можните компликации од истата.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!