Време е за детоксикација на телото. Масната храна, алкохолот, немањето време за физичка активност прават штетните токсини да завладеат со нашиот организам. Детоксикацијата на организмот не значи гладување и скратување на важните хранливи состојки туку да внимавате што внесувате. Ова се потребните состојки за вашиот рецепт за детоксикација:
– 1 рака спанаќ
– 1 зелено јаболко
– 1 круша
– 1 банана
– 1 чаша ананас
Сите потребни состојки ставете ги во блендер и почекајте да добиете изедначена смеса. За комплетна детоксикација на телото, овој пијалак консумирајте го седум дена.