Состојки во храната од кои морате да бегате подалеку

Пред да купите некој производ во маркетот се препорачува да погледнете што пишува на задната страна од пакувањето, таму всушност пишува што содржи тој производ. Доколку забележите некој од следниве додатоци, избегнувајте ги бидејќи тие се и повеќе од нездрави.

1. Вештачки засладувачи

Вистина е дека овие преработени засладувачи се поврзуваат со појавата на дијабетес тип 2 и зголемен внес на калории. Вештачките засладувачи се 700 пати послатки од природните и дополнително го зголемуваат копнежот по слатките. Внесот на овие супстанци не е ништо друго освен труење на организмот со хемикалии.

2. Карагенан

Обично е состојка која ја има во млекото и млечните производи. Нутриционистите советуваат дека безбедноста и позитивното влијание од оваа состојка никогаш не се докажале. Затоа, најдобро би било да го избегнувате.

3. Бојата во карамелата

Научниците оваа состојка ја тестирале на животни, а резултатот бил дека може да предизвика потенцијална канцергеност. Мислиме дека ова е доволна причина да ги игнорирате намирниците кои го содржат овој додаток.

4. Транс масти

Транс мастите се незаситени масти со трансизомерни масни киселини, а се користат со цел да се продолжи рокот на траење и подобрување на текстурата и вкусот на производите. Транс мастите го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања.

5. Моносодиум глутамат (MSG)

Овој адитив се додава во супите од кеса, чипсот, а најмногу го има во вегетата. Некои го нарекуваат „убиец на мозокот“.

6. Фруктозен (пченкарен) сируп

Овој адитив е до толку распространет што може да се најде од мафините и некои видови леб, па сé до кечапот и некои дресинзи за салата.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!