3 совети како полесно да ги завршите домашните обврски

За некои луѓе дневните обврски се буквално болка. Речиси 90% од луѓето имаат проблеми со ’рбетот во некоја животна доба, а секојдневните рутински активности од типот на домашните обврски најчесто се „чкорчето“ кое го пали проблемот. 

Но, воопшто не треба да се оправдуваме и да наоѓаме вина во секојдневните домашни обврски. Важно е како истите ги спроведуваме. Подолу, нудиме неколку совети за тоа како полесно да ги извршувате секојдневните домашни обврски без притоа да не предизвикате болки во ’рбетот.

За некои луѓе дневните обврски се буквално болка. Речиси 90% од луѓето имаат проблеми со ’рбетот во некоја животна доба, а секојдневните рутински активности од типот на домашните обврски најчесто се „чкорчето“ кое го пали проблемот. 

Но, воопшто не треба да се оправдуваме и да наоѓаме вина во секојдневните домашни обврски. Важно е како истите ги спроведуваме. Подолу, нудиме неколку совети за тоа како полесно да ги извршувате секојдневните домашни обврски без притоа да не предизвикате болки во ’рбетот.

1. Користење правосмукалка, џогер, гребло или лопата

Погрешно: Многумина чувствуваат болка во ’рбетот додека користат правосмукалка, чистат со џогер, собираат лисја со гребло или чистат снег со лопата. Постојаното превиткување на половината може да предизвика истегање на мускулите.
Правилно: Клучот е во тоа да ги движите вашите колкови и рамена праволиниски наместо постојано да го вртите ’рбетот. Исто така, битно е да избегнувате да ја превиткувате половината. Направете еден чекор напред со едното стапало и свиткајте го коленото дозволувајќи (горниот дел од `рбетот) да биде исправен. На тој начин ќе избегнете истегнување на мускулите.

2. Миење садови

Погрешно: Длабокиот мијалник можеби ќе собере повеќе садови, но вашиот грб може да настрада. Со цел полесно да ги дофатат садовите, луѓето обично се приближуваат до мијалникот колку што можат поблиску, па ги мијат садовите во искривена положба. Оваа положба влијае негативно врз дисковите меѓу прешленските тела и меките ткива околу ’рбетниот столб.
Правилно: Отворете ги вратичките под мијалникот и ставете го едното стапало внатре. На тој начин уште повеќе ќе се приближите до мијалникот, без притоа да ја превиткувате половината. Тежината ќе ви биде на стапалото под мијалникот, а ’рбетот исправен.

3. Миење алишта и подигнување предмети

Погрешно: Спасувањето на загубениот чорап од дното на машината за миење алишта или под креветот може да предизвика болка во ’рбетот. Слично како миењето садови и метењето, брзото свиткување на половината може да предизвика истегнување на мускулите на грбот.

Правилно: При земање на предметите некои доктори ја препорачуваат стратегијата „голферски дофат“, односно потегот на многумина голфери кога го земаат топчето од земја. Кога сакате да земете предмет од земјата испружете ја десната рака кон предметот и балансирајте го телото со тоа што ќе ја подигнувате левата нога наназад високо во воздухот. Доколку ви е потребна дополнителна помош помогнете со левата рака потпирајќи ја на најблискиот предмет од страна. Доколку подигнувате предмет со левата рака, тогаш ја кревате десната нога. Колку подлабоко ја пружате раката, толку повисоко ја подигнувате ногата. На овој начин одлично го балансирате телото и можноста да истегнете некој мускул на ’рбетот речиси не постои.
Болката е сигналот кога треба да застанете и да направите пауза. Доколку имате болки кои траат повеќе од еден месец, посетете доктор. Овие знаци може да укажуваат на посериозни проблеми.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!