1. Страв од стоматолог
Не плашете се да отидете на стоматолог. Само со редовни посети ќе имате здрави заби и бисерна насмевка. Доколку се плашите од самата помисла, нервозни сте и постојано ја одложувате посетата на стоматолог, на следниот преглед понесете со себе цд плеер со вашата омилена музика. Слушањето музика ќе ве опушти и релаксира. Дишете длабоко и ова е еден од начините како да се опуштите.
2. Одберете добра четка за заби
Четкањето на забите помага за поефикасно отстранување на храната заробена меѓу забите. Четкајте ги забите по секое јадење под агол од 45 степени нагоре надоле. Храната од забите можете да ја отстраните со конец за заби. Конецот помага храната полесно да се отстрани од пределот меѓу забите, како и наталожените материи. По три или четири месеци заменете ја старата и оштетена четка за заби со нова. Старата четка е засолниште на бактерии, па затоа со време заменете ја!
3. Храна за бели заби
Јадете сирење и млечни производи, тие освен што се богати со калциум ќе ја избелат и глеѓта на вашите заби. Не заборавајте во исхраната да вклучите и витамин Д, тој помага полесно да се апсорбира калиумот.
4. Внимателно со обоените пијалаците
Ако сте љубители на кафе, црвено вино или друг вид пијалаци кои ги бојат вашите заби тогаш еднаш до двапати посетете стоматолог и побарајте белење на забите.