Совети за исправена положба на телото

Дали сте забележале дека додека си пишувате со пријателите на телефон, главата постојано ја држите наведната надоле и го искривувате вратот? Дали сте забележале каква ви е положбата на телото додека седите на работното место? Ова се само дел од навиките кои несвесно го оштетуваат `рбетот. Прочитајте ги нашите совети за правилна положба на телото.

Дали сте забележале дека додека си пишувате со пријателите на телефон, главата постојано ја држите наведната надоле и го искривувате вратот? Дали сте забележале каква ви е положбата на телото додека седите на работното место? Ова се само дел од навиките кои несвесно го оштетуваат `рбетот. Прочитајте ги нашите совети за правилна положба на телото.

Опуштено држење на телото

Опуштеното држење му прави дополнителен стрес на рбетот.  Со тоа се зголемува напорот на коските мускулите и зглобовите кои се главните носачи на тежината на телото. Лошото држење на телото не е лошо само за `рбетот. Континуираната опуштеност ги притиска и органите, што прави потешко да работат белите дробови и цревата, што резултира со потешко варење на храната и потешко земање на воздух.

Исправете се

Исправената положба е идеалната положба на телото и помага во подобрување на држењето на телото. Држете го телото како да сте застанати до ѕидот за да ја мерите вашата висина. Кренете ја главата горе. Вовлечете го стомакот, рамената наназад и колената исправени. На овој начин не само што ќе бидете во добра положба, туку и ќе изгледате повисоко и витко.

Не паѓајте на бирото

Дали после неколку часови работа, забележувате дека вашето тело е целосно наведнато кон работната маса. Таквата положба му штети на `рбетот. За да седите правилно потребно е да се потпрете на столчето, така што ќе земете мала перница за средишниот дел на `рбетот како поддршка на природната кривина на `рбетот. Свиткајте ги колената под прав агол и поставете ги повисоко од колковите.  

Цел ден на мобилен

Иако несвесно, вратот се искривува со секојдневното гледање во телефонот, особено кога читате и пишувате со пријателите. Честото наведнување на главата води до искривување на вратот. За да ја избегнете ваквата положба, пробајте да не ја наведнувате главата кон телефонот, пробајте да ја прочитате новата порака со насочување на очите кон екранот, без да ја наведнете главата.

Удобно возење

Сакате да возите опуштени и речиси легнати на седиштето? На долги релации ваквата опуштена положба може да му наштети на `рбетот. Наместо тоа, повлечете го телото во близина на воланот. Свиткајте ги благо колената кои треба да ви бидат во висина на колковите или малку над нив. Не заборавајте да ставите перница за поддршка на природната кривина на `рбетот.

Високи потпетици

Високите потпетици се моден детаљ на кој жените не можат да одолеат, но тие не се вистински избор за секојдневието или за долгите вечерни часови во диско. Високите потпетици го буткаат рбетот нанапред, а со текот на времето ова резултира со деформитет на `рбетниот лак. Деформираниот `рбет притиска на нервите и предизвика болка во грбот. Високите неудобни потпетици прават тежината на телото да биде насочена врз колената кои истотака страдаат.

Правилна положба при спиење

Неправилното спиење или лошиот избор на душек и перница се истотака непријатели на вашиот `рбет. Одберете душек и перница кои ќе бидат поддршка на телото. Висината на перницата треба да биде во висина на вашиот `рбет.  Доколку спиете на страна, свиткајте ги благо колената.

Зајакнете ги мускулите

Потребни се јаки и цврсти мускули за поддршка на  `рбетот. Континуираното вежбање ќе го зајакне тонусот на мускулите и ќе ја подобри положбата на телото. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!