Време е да преземете одговорност за вашето здравје! Еве неколку совети за поздрав начин на живот.
Престанете со пушењето – ако сте пушач и едноставно не можете без цигара, консултирајте се со вашиот доктор за совет за поедноставно одвикување од пушењето. Чадот од цигарите штетно влијае и за пасивните пушачи, па затоа избегнувајте да престојувате во простории во кои се пуши.
Внимавајте на исхраната – изберете зеленчук, овошје, интегрални житарки,риба. Ограничете го консумирањето на храна богата со заситени масти и сол.
Одржувајте нормална телесна тежина – доколку ја одржувате нормалната телесна тежина и редовно вежбате можете да го намалите ризикот од срцеви заболувања.
Движете се –физичката активност нека биде ваша секојдневна навика. Вежбањето освен што ќе ја одржи вашата нормална телесна тежина, ќе ве заштити и од заболувања. Додека времето е убаво излезете и движете се во природа, на отворено. А откако температурите ќе паднат, тогаш одете во вежбалница.
Ограничете го консумирањето алкохол – доколку пиете алкохол, пијте во ограничени количини. Се препорачува мажите под 65 години да консумираат по два пијалаци дневно, додека повозрасните се советуваат да пијат по еден пијалак. Големата количина алкохол го подигнува вашиот крвен притисок, но штетно влијае и на црниот дроб.
Управувајте со стресот – контролирајте го динамичниот начин на живот, брзото темпо и секојдневниот стрес. Преземете чекори за да го намалите стресот или успешно да управувате со него.
Правете редовни прегледи – не чекајте нешто да ве здоболи за да отидете на контрола кај вашиот лекар. Редовно правете проверка на холестеролот, крвниот притисок, дијабетесот, срцето.
Возете безбедно – користете го здравиот разум и возете безбедно. Сообраќајните несреќи се честа причина за смртност кај мажите. Следете ги ограничувањата на брзината, врзувајте ремен и не возете под дејство на алкохол.