Спасете го забот со апикотомија

Што е апикотомија?

Апикотомија е мала орално-хируршка интервенција со која се отстранува врвот на коренот од забот каде се појавил патолошкиот процес. Најчесто станува збор за појава на циста или гранулом. Оваа интервенција се применува кога се направени сите ендодонски тераписки модалитети за третман на воспалителниот процес кои се локализирани во коскеното ткиво околу коренот на забот. Затоа не плашете се кога стоматологот ќе ви соопшти дека треба да направите апикотомија, имате причина за насмевка, сèуште постои можност да се спаси забот. Стоматолозите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ советуваат најпрво кај пациентот да се прави рендгенснимка со чија помош потоа ќе се планира текот на апикотомијата. Интервенцијата се изведува во локална анестезија и е безболна за пациентот.

Постапката започнува со правење рез на слузокожата на забот и се подигнување на мекото ткиво околу забот за да може да се стигне до коренот, а потоа се чисти целиот патолошки процес до коренот и се скратува врвот за само неколку милиметри. Најчести состојби кои подлежат на ваков хируршки третман се:

– неуспешен ендодонски третман

– фрактура на коренот на забот

– искривен канален систем

Колку време трае апикотомијата?

Во зависност од регијата или забот каде се извршува интервенцијата, како и од анатомските карактеристики на забот, апикотомијата може да трае од 30 до 60 минути. Се смета дека оваа интервенција трае пократко доколку се изведува на предните заби, а подолго доколку се прави на задните.

На што треба да внимавате по извршената интервенција?

По извршената апикотомија може да се појави болка и оток на местото на интервенцијата, па затоа се советува да аплицирате ладни облоги на местото и да се прима аналгетик и антибиотик согласно препораките од вашиот стоматолог. Можна е намалена чувствителност на мекото ткиво околу забот и крвавење, кое доколку трае подолго треба да се консултирате со стоматолог. По апикотомијата треба да консумирате само мека и течна храна бидејќи тврдата храна може да ги иритира местото каде што е извршена апикотомијата и да направи пролонгирање на отокот и болката. Избегнувајте и пиење алкохол и агресивно четкање на забите. Конците од интервенцијата се вадат по 7-10 дена, и за тој период сите постоперативни симптоми треба да исчезнат. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!