Со едноставни навики спречете создавање на бубрежни каменчиња

Бубрежните каменчиња се една од причините за појава на болка во бубрезите која се смета за една од најсилните болки (колики). Дури и лесното поместување на бубрежните каменчиња може да предизвика страшни болки кои многу често се споредуваат со болките кои жената ги има за време на породувањето. Со практикување на овие три едноставни навики ќе им помогнете на бубрезите да работат правилно и ќе ја спречите појавата на каменчиња.

Бубрежните каменчиња се една од причините за појава на болка во бубрезите која се смета за една од најсилните болки (колики). Дури и лесното поместување на бубрежните каменчиња може да предизвика страшни болки кои многу често се споредуваат со болките кои жената ги има за време на породувањето. Со практикување на овие три едноставни навики ќе им помогнете на бубрезите да работат правилно и ќе ја спречите појавата на каменчиња.

Пијте многу вода. Дехидратацијата е главна причина за создавање бубрежни каменчиња. Се препорачува една чаша вода да се пие на секој час, посебно во летните денови, кога температурите се многу високи и побрзо доаѓа до губење на течноста во организмот. Знаците на дехидратација се замор, губење на апетит, сува кожа, нетолеранција на топлината, темно жолта урина, сува кашлица …

Намалете го внесот на сол. Со ова ќе го намалите и калциумот во урината бидејќи зголеменото количество на калциум е исто така причина за појава на каменчиња. За почеток, тргнете го соларникот од вашата маса и не додавајте дополнително сол во оброкот. Избегнете да јадете премногу солени производи: преработени месо, инстант супи, чипсови и брза храна.

Јадете цитрусни овошја. Портокали, цитрони, лимони, мандарини се богати со нитрати кои позитивно делуваат на вашето уринарно здравје.

Како да знаете дека имате бубрежни каменчиња?

Бубрежните каменчиња почесто се јавуваат кај лица со семејна историја на болеста, како и кај оние кои веќе еднаш имале каменчиња. За жал, каменчињата даваат симптоми кога веќе се оформени и ќе почнат да се движат. Симптомите се силна болка во долниот дел на грбот која се движи кон долниот дел на стомакот. Острите врвови на каменчињата ја оштетуваат слузокожата  на бубрезите па затоа можна е и појава на крв во урината.

Како се третираат?

Како и за сите состојби, третманот е поефикасен доколку се откријат на време. Во тој случај, ќе ја избегнете класична хируршка интервенција и ќе можете да ги третирате со помош на:

Шок бранова литотрипсија претставува револуција во третманот на бубрежни каменчиња. Се работи за амбулантска интервенција каде со помош на најсовремен ласер каменчињата се ситнат на најситни делови.

Уретроскопија е амбулантска интервенција при што со инструмент се влегува преку мочниот канал и со ласер се ситнат каменчињата.

Перкутана нефролитотомија е процедура при што преку мал отвор се отстрануваат поголемите или помалку достапните каменчиња. Оваа процедура бара подолго болничко третирање на пациентот за разлика од претходните интервенции каде пациентите не се хоспитализираат.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!