Клиничката слика на срцевите мани зависи од типот и тежината на срцевата грешка, на оваа тема разгорававме со д-р Светлана Крстевска-Блажевска педијатар во Клиничката болница Аџибадем Систина. Конгениталните срцеви малформации се едни од најчестите конгенитални малформации. Кај живородените деца се јавуваат со застапеност од 1%. Преваленцата на 1000 живородени се движи 4,5-9,8 во различни држави. Во Република Македонија преваленцата е околу 7 нови кардиопатии на 1000 живородени новородени. Причина за 25% од егзитирани доенчиња се конгенитални малформации, а 1/3 од нив им припаѓаат на срцевите грешки.
Кои се најчестите срцеви нарушувања кои што може да се јават кај децата?
Најчеста конгенитална кардиопатија е вентрикуларниот септален дефект (39%), потоа атријалниот септален дефект (7,5%), пулмонална валвуларна стеноза (7,3%), атриовентрикуларен септален дефект (5,4%), потоа со застапеност под 5% следуваат отворен артеријален дуктус, транспозиција на големите крвни садови, тетралогија на Фало и со најмала застапеност се најтешките кардиопатии како што е хипоплазија на лев вентрикул со 1,8%.
Дали сите срцеви аномалии кај децата се проследени со симптоми?
Клиничката слика на срцевите мани зависи од типот и тежината на срцевата грешка. Кај поголеми деца и доенчиња, срцевите грешки се презентираат со срцев шум кој може да биде слушнат и при рутински преглед. За време на новороденечкиот и паниот доенечки период обично покрај срцев шум се јавува и цијаноза и/или срцева слабост, респираторни потешкотии, проблеми со хранење, ненапредување во телесна тежина. Децата со најтешки срцеви мани имаат ниско ниво на кислород во крвта-хипоксемија и срцева слабост.
Како се дијагностицираат и како се лекуваат?
Дијагнозата на срцевите грешки на срцето во 40-50% од случаите е поставена во првта недела од животот, а речиси 100% до крајот на првата година. Современиот аспект на дијагнозата подразбира примена на ехокардиографска студија, рентгенграфија на срце и бели дробови, електрокардиографија, а кај комплексните срцеви мани и примена на ангиографија, срцева магнетна резонанца и катетеризација на срцето.
Што претставува рано откривање на вродени срцеви мани, односно кога најрано може да се открие срцева аномалија? (Феталната ехокардиографија)
Превенцијата насочена кон конгениталните кардиопатии има за цел намалување на нивната зачестеност. Превенцијата ги опфаќа следниве мерки: „triple marker screen“ од 15-20 гестациска недела, ултразвук од 16-20 г.н. и фетална ехокардиографија и амниоцентеза после 15 г.н. доколку постои позитивност во предходните тестови или фамилијарна анамнеза за срцеви мани. Сите бремени жени кај кои со ултразвучен скрининг до 19 г.н. од бременоста и таканаречениот „четирикоморен поглед на срцето“ се постави сомнение од страна на гинеколог за срцева малформација на плодот треба да бидат упатени за изведување на специјализирана фетална ехокардиографија.
Ако вродената срцева мана не се лечи или не се открие навреме, какви проблеми може да се јават подоцна во животот?
Терапијата на срцевите грешки се состои во конзервативен и хируршки третман. Конзервативното лекување е со медикаментозна терапија, најчесто со цел избегнување или намалување на симптомите на срцева слабост. Хирургијата овозможува комплетна корекција кај поедноставните срцеви мани или подобрување на циркулацијата, а со тоа избегнување на срцева слабост и хипоксија кај потешките срцеви мани. Комплексните кардиопатии може да се причина за фатален крај ако не се примени помашна хрирушка интервенција.
Кај која болест е постигнат најголем напредок во лечењето?
Благодарение на напредокот во кардиохирургијата зголемен е бројот на пациенти со конгенитални кардиопатии кои стануваат адулти. Исто така, кај одреден дел од срцевите мани (атријален септален дефект, стеснување на валвулата на пулмоналта артерија и аортата, коарктација на аорта и други), не се применува хирургија на „отворено срце“, туку истите се разрешуваат со интервентна кардиологија. Тоа е постапка при која преку крвен сад се влегува до местото н
а срцевата грешка и истата се разрешува со соодветна техиника како што се балон дилатација (кај стеснувања на крвни садови) или поставување на „чадорче“ (кај отвори на преградата на срцето).
извор: pharmanews.mk