Срцевоболните треба да обрнат внимание на симптомите на депресија

Истражувањата велат дека депресивните луѓе се поподложни на срцев удар. Зошто?

Хроничната депресија и анксиозност го подигнуваат нивото на стрес хормони кои циркулираат во телото. Овие хормони предизвикуваат стегање на крвните садови, а со тоа се забрзува работата на срцето. Крајниот резултат може да биде воспаление на артериите и поголема веројатност за формирање тромб.

Депресивните луѓе се двапати повеќе подлoжни на срцев удар во блиската иднина. Понекогаш депресијата може лошо да влијае кај луѓето кои страдаат од нестабилна ангина, непредвидлив дискомфорт во градите и конгестивна срцева слабост, па доколку не се предвидат како ризик фактори, состојбата може да биде далеку посериозна.

Важно е да потенцираме дека освен од биолошки аспект, депресијата влијае врз срцето од аспект на однесувањето на самиот човек. Чувството на безнадежност може е клучот за неуредниот живот и лошите животни навики. Овие пациенти нередовно и неодговорно ја земаат  терапијата и не вежбаат доволно, а токму тоа ги разликува од срцевоболните кои немаат депресија.

Но, доколку сте моментално нерасположени или тажни, не значи дека боледувате од депресија. Повеќето депресивни епизоди траат подолго од две седмици и можат да траат со месеци, па дури и со години. Постојат и сезонски депресии кои најчесто се јавуваат кај луѓето во текот на зимскиот период од годината, а состојбата се подобрува кога ќе настапи пролетта и летото.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!