Стилот на живеење направи епидемија од ракот на дебело црево

Интервју: проф. Д-р Васко Василевски, гастроентерохепатолог во клиничката болница "Аџибадем Систина"

Ракот на дебелото црево е болест на индустриски развиениот западен свет. Високиот социоекономски стандард, како и типичниот западен стил на живеење, исхрана, животни навики и активности, се причините за се поголемата честота на јавување на ракот на дебелото црево која поприма епидемиски размери

Популација со највисок ризик за развој на карцином на дебелото црево се лица до 40 години, со семејна анамнеза за полипи или рак на дебелото црево појавен пред 40-тата година од животот, особено оние со податок за полипи или рак на дебелото црево во првото или второто колено, вклучувајќи и полусестра или полубрат 

Интервју: проф. Д-р Васко Василевски, гастроентерохепатолог во клиничката болница “Аџибадем Систина”

Ракот на дебелото црево е болест на индустриски развиениот западен свет. Високиот социоекономски стандард, како и типичниот западен стил на живеење, исхрана, животни навики и активности, се причините за се поголемата честота на јавување на ракот на дебелото црево која поприма епидемиски размери

Популација со највисок ризик за развој на карцином на дебелото црево се лица до 40 години, со семејна анамнеза за полипи или рак на дебелото црево појавен пред 40-тата година од животот, особено оние со податок за полипи или рак на дебелото црево во првото или второто колено, вклучувајќи и полусестра или полубрат 

Карциномот на дебелото црево е една од најподмолните болести, чии симптоми се јавуваат во поодмината фаза на болеста. Има ли некои предупредувачки знаци за рак на дебело црево?

-Она што е загрижувачко е што симптомите се јавуваат кога карциномот е во напредната фаза од болеста, а во раната фаза нема клинички знаци. Понекогаш може да се појават: малаксаност, губење на апетитот, губење на телесната тежина и замор, но овие симптоми не се специфични. Типични тегоби за рак на дебелото црево се промените во ритамот на празнењето, запек и, наизменично, пролив, болки во левата половина на стомакот и над срамната коска во форма на грчеви. Се јавува чувство на недоволна испразнетост, па се јавува потреба од повторно празнење. Ако карциномот е локализиран во долните делови на дебелото црево, се појавува светлоцрвена крв во изметот, понекогаш и во поголемо количество. Лабораториски најчесто се детектира слабокрвност со недостиг на железо и позитивни туморски маркери ( СЕА и СА 19-9 ).
Дефинитивна дијагноза на ракот на дебелото црево се поставува со инструментални испитувања, како ректоскопија или колоноскопија со биопсија на промената.

Додека сите мислат дека повеќе ги напаѓа мажите, сепак, статистиката вели дека е женска болест. Кога и кај кого најчесто се јавува?

-Ракот на дебелото црево е болест на индустриски развиениот западен свет. Високиот социоекономски стандард, како и типичниот западен стил на живеење, исхрана, животни навики и активности, се причините за се поголемата честота на јавување на ракот на дебелото црево која поприма епидемиски размери.
Честотата на појава на нови случаи рак на дебело црево е 4 – 6 пати 
поголема во споредба со Африка, во западниот свет изнесува 25 – 35 нови случаи годишно на 100.000 жители, а во Африка тој број изнесува 3 – 4. Во некои региони на Франција, Италија, Австрија и на САД, бројот на новооткриени случаи е 45 – 48 на 100.000 жители годишно. Според податоците на Светската здравствена организација, во светот од рак на дебело црево годишно умираат 1.000.000 луѓе.
Ракот на дебелото црево е трета причина за смрт од малигни болести кај мажите и четврта кај жените. Во Република Македонија, во периодот 1995 – 2005 год. просечно се регистрирани 24,5 нови случаи на рак на дебело црево на 100.000 жители годишно. Во речиси 90% од случаите, болеста се јавува по педесеттата година.

Која популација е со најголем ризик?

-Популација со највисок ризик за развој на карцином на дебелото црево се лица до 40 години, со семејна анамнеза за полипи или рак на дебелото црево појавен пред 40-тата година од животот, особено оние со податок за полипи или рак на дебелото црево во првото или второто колено, вклучувајќи и полусестра или полубрат. Овие пациенти имаат наследни генетски промени, кои доведуваат до појава на полипи и карцином на колонот. Се препорачува колоноскопија, отстранување на полипите и нивна патохистолошка проценка и пред 20-тата година од животот. Задолжителна е контролна колоноскопија по три години, кај одделни случаи докторот го одредува времето за контрола, кое може да биде и по 5-10 години. Кај лицата со семеен податок за наследни полипи и карцином на дебелото црево, веднаш се прават генетски иследувања за докажување на типичните генетски нарушувања кај овие состојби. Кај болните со улцероз
ен колитис и Кронова болест се земаат биопсии од повеќе места на дебелото црево, по 8 до 10 година од почетокот на болеста.

Како може да се намали ризикот?

-Ризици за карцином на дебелото црево се стилот на живеење и исхрана, физичката активност, возраста, како и наследниот фактор. Врз возраста и наследниот фактор не можеме да влијаеме, но може да го превенираме овој вид карцином доколку ги смениме ризик факторите кои се поврзани со стилот на живеење. Се препорачуваат следните принципи на исхрана, животен стил и физичка активност:

* Намалување на внесот на црвено месо (јагнешко, свинско, говедско) на еднаш неделно. Се препорачува црвеното месо да се замени со риба, месо од живина или дивеч.
* Намалување на внес на животински масти.
* Внесување најмалку 20 грама влакнеста храна во текот на денот, во форма на зеленчук и овошје (брокула, мешункасти растенија, карфиол, лук, кромид, праз, зелени и други салати, како и сите видови сезонско овошје). Овој вид храна е богат со антиоксиданси (витамин А, Ц, Д, калциум, магнезиум, селен, бетакаротин) кои ги инхибираат тоскичните материи.
* Употреба на црн леб или интегрални жита.
* Редукција на телесната тежина под 26 кг на квадратен метар индекс на телесна маса.
* Внес на алкохол во умерени количини и апстиненција од тутун.
* Зголемена дневна физичка активност, најмалку 30 до 45 минути брзо одење дневно.
* Користење природни сокови и течност, најмалку 30 милилитри на килограм телесна тежина на ден.
* Учество во јавни или во индивидуални скрининг програми за рано откривање на полипи или карцином на дебелото црево.
*Првата колоноскопија кај лица без ризик да се направи на возраст меѓу 50 и 59 години.

Кои прегледи се прават во оваа насока?

-Постојат т.н. скрининг програми за рано откривање на карциномот на дебелото црево. Кај лица без посебен ризик (општа популација над 50 години) овој скрининг се базира на појава на скриено крвавење од дебелото црево преку изметот, поради микрокрвавењата од полипите и ракот на дебелото црево. Овој тест, познат како ХЕМОКУЛТ 2 тест, се изведува со нанесување мало количество измет на плочка со реагенс. Потребно е да се направат три теста, на три последователни празнења. 
Златен стандард за скрининг е колоноскопијата. 
Спроведувајќи ја оваа скрининг програма, Европа каде што излезноста на тестирање е околу 86 до 98 отсто, ја намали смртноста од ракот на дебелото црево за 65 отсто.

Како се проширува ракот на цревата?

-Основата за развој на карцином на дебелото црево се полипите на дебелото црево. За да се создаде од нормална лигавица полип на дебелото црево, потребни се околу десет години. Секој може да развие полип или карцином на дебелото црево, но некои имаат повисок степен на ризик од другите. Тоа зависи од наследните и од индивидуалните фактори. 

Во почетокот полипите се бенигни, но со тек на време добиваат потенцијал да се претворат во малигни. Само 10% од полипите на дебелото црево имаат наследен фактор на раст, додека 90% настануваат со стимулација на локални фактори од цревната содржина, и се јавуваат по педесетта година на животот. Полипите кои имаат наследен фактор се јавуваат до 50-тата година од животот и се развиваат во рак кај 100% од случаите, доколку не се отстранат ендскопски или хируршки. 

Какви се најновите пристапи во лекувањето?

-Единствениот начин на лекување на карциномот на дебелото црево е хируршкиот третман, кој некогаш е потпомогнат со дополнително лекување: онколошки третман, зрачна и цитостатска терапија. Целта на лекувањето е да се зголеми процентот на преживување, да се подобри квалитетот на живот и да се намали ризикот од повторно појавување на болеста. Она што е најбитно е пациентите да се дијагностицираат во раната фаза на болеста каде што со самото оперативно лекување и отстранување на дебелото црево кое е заболено од карцином, кај голем број пациенти значи трајно излекување. Пациентите ги класифицираме според стадиумот на болеста во моментот кога е дијагностицирана, односно по извршената операцијата. Повеќе од 90 процент
и од пациентите можат трајно да бидат излекувани кога болеста е дијагностицирана навреме. Некогаш основна цел беше пациентот да ја преживее операцијата. Денеска веќе за тоа не се размислува, бидејќи најновите хируршки техники овозможуваат зголемување на преживувањето и сведување на минимум на шансите за повторно појавување на болеста. Хирургијата е терапија со која физички се отстранува канцерогеното ткиво и дел од околното ткиво со лимфните јазли кои се во близина на туморот. 

Што е најдобра превенција?

-Колоноскопија е скрининг тест за карцином на дебелото црево. Се изведува со анестезија, така што пациентот не чувствува никакви непријатности или болка. Се препорачува за сите луѓе – мажи и жени, на возраст над 50 години. Но доколку сте ризична група, односно во семејството имате заболен од оваа болест, тогаш со скрининг мора да почнете многу порано, најмалку 10 години пред појава на карцином во семејството. Исто така, колоноскопија мора да се направи веднаш доколку ги имате следниве симптоми: појава на крв во столицата, нередовно празнење, чувство на недоиспразнетост. Отстранувањето на полипите од дебелото црево по ендоскопски или хируршки пат е најдобрата превенција од рак на дебелото црево. Променете ги животните навики, внимавајте на исхраната, бидете физички активни и намалете ја телесната тежина!

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!