Што треба да јадете кога имате карцином на дојка

Храната е важен фактор кој нè штити или го зголемува ризикот од болести. Но, што треба да јадете доколку ви е дијагностициран карцином на дојка.

За време на терапијата запомнете ги овие четири совети за исхрана:

1. Внесувајте многу течности (но да не содржат кофеин)

2. Консумирајте доволно калории (за енергија)

3. Фокусирајте се на здрава исхрана

4. Не заборавајте да внесувате протеини (за да се одржи тонирано тело и мускулна маса)

Храната е важен фактор кој нè штити или го зголемува ризикот од болести. Но, што треба да јадете доколку ви е дијагностициран карцином на дојка.

За време на терапијата запомнете ги овие четири совети за исхрана:

1. Внесувајте многу течности (но да не содржат кофеин)

2. Консумирајте доволно калории (за енергија)

3. Фокусирајте се на здрава исхрана

4. Не заборавајте да внесувате протеини (за да се одржи тонирано тело и мускулна маса)

Доколку немате несакани ефекти врз исхраната од вашиот третман за карцином кој би ја ограничил вашата способност за јадење и варење на храната, можете да ги следите овие генерални насоки за здрава исхрана кои вклучуваат:

• Овошје и зеленчук (пет или повеќе порции дневно)

Овошјето и зеленчукот содржат антиоксиданси и анти-естрогени својства. Мешункастиот зеленчук, како брокулата, зелката и прокељот, се особено добри за вклучување во исхраната и се богати со фитохемикалии.

• Цели зрна (25-30 грама влакна дневно)

Целите зрна се непроцесирана храна која е богата со комплексни јаглехидрати, влакна и фитохемикалии, како и витамини и минерали. Истражувачите заклучија дека високата консумација на влакна може да има позитивен ефект во лекувањето на карциномот на дојка, но и од другите видови канцер кои зависат од хормоналните промени.

• Зголемете го внесувањето на нутриционистички масти, но намалете го вкупното внесување масти за < 30 проценти од калориите

Истражувањата укажуваат дека типот на масти кои ги консумирате може да влијае врз развивањето на карцином на дојките. Затоа лимитирајте го внесувањето на заситени масти како телешко, јагнешко, путер или крем. Намалете ја и консумацијата на храна која содржи вештачки масти. Почесто консумирајте масна риба како лосос, харинга, туна и сардина трипати неделно.

• Протеин и соја

За добри извори на протеин, зголемете ја консумацијата на пилешко, риба, грав, мешунки и леќа. Намалете ја употребата на кисела и димена храна. Соја во умерени количини (една до две порции дневно во форма на тофу, мешунки или соино млеко) може да се вклучи во исхраната. Истражувања покажуваат дека животните ја метаболизираат сојата поинаку од луѓето и дека изофлавоните не се штетни кога ќе се консумираат во умерени количини. Тие не го зголемуваат ризикот за повторно враќање на болеста или смрт.

• Алкохол во умерени количини

Консумирањето алкохол е познат ризик фактор за карцином на дојки. Три чаши вино или повеќе неделно во текот на животот го зголемува ризикот од добивање карцином на дојки кај жените за мал но значаен процент. Една студија вели дека постои 15 % зголемен ризик од појава на карцином на дојката кога жените пијат просечно од три до четири пијалаци неделно – споредено со жени кои не пијат. Обидете се да не внесувате алкохолни пијалаци колку што е можно.

• Постигнете и одржете здрава тежина

Дебелите жени имаат поголеми нивоа на естроген кој циркулира низ нивните тела отколку жените чија тежина е во идеални граници. Многу истражувања посочија поврзаност помеѓу дебелината и карциномот на дојката кај жените во менопауза. Намалување на телесната тежината преку здрава исхрана е вообичаено најуспешната пракса.

Доколку имате несакани ефекти

Ако имате гадење, вашиот нутриционист може да ви препорача да јадете повеќе варена храна бидејќи нема силен мирис како и храна со помалку маснотии бидејќи мастите подолго се варат. Доколку запекот стане проблем, вашиот нутриционист може да ве охрабри за да јадете храна базирана на влакна и да го зголемите внесот на течности. За да го победите заморот, одберете ужини со висок процент на протеин и мали, но почести оброци наместо големи оброци.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!