Невролиза – третман на болка кај малигни болести

Еден од најчестите симптоми кои ги имаат пациентите со малигна болест лоцирана во абдоменот е неподнослива континуирана болка во горниот дел од грбот и горниот дел од стомакот. Болката што не престанува е сериозен проблем и го нарушува квалитетот на живот кај овие пациенти. Проф. д-р Зоран Трајковски, специјалист по радиологија, ја објаснува постапката невролиза која се користи како третман на болка за пациентите со малигни заболувања.

Еден од најчестите симптоми кои ги имаат пациентите со малигна болест лоцирана во абдоменот е неподнослива континуирана болка во горниот дел од грбот и горниот дел од стомакот. Болката што не престанува е сериозен проблем и го нарушува квалитетот на живот кај овие пациенти. Проф. д-р Зоран Трајковски, специјалист по радиологија, ја објаснува постапката невролиза која се користи како третман на болка за пациентите со малигни заболувања.

Што е невролиза?

Методата невролиза има долгогодишна историја на примена која почнала уште од 1914 година. Целијачниот плексус или сплет на нервни ганглиони се наоѓа скриен во абдоменот пред аортата, под целијачните крвни садови и над мезентеријалните крвни садови. Со самата негова анатомска позиција е предизвик за третман, па затоа потребна е голема прецизност за изведување на интервенцијата.

Кога се прави невролиза ?

Невролизата се прави ако пациентот има постојана болка која не може да се третира на друг начин. Најчести причини се панкреатичен, желудочен, езофагијален, малигном кој потекнува од билијарното стебло или малигни тумори лоцирани во лимфните јазли. Оваа постапка не треба да се прави ако пациентот има некорекатибилна коагулопатија или намален број тромбоцити, заради големиот ризик од крвавење. Но, и ако пациентот има аневризма на аортата или невообичаено излезиште на целијачните артерии.

Изведба на постапката

 Постапката се изведува со претходна подготовка и ана- томска студија на регијата што треба да се пунктира со по- мош на компјутерска томографија. Позицијата на иглата се проверува со КТ скенирање. Како тераписко невролитичко средство најчесто се употребува апсолутен алкохол. Со тенка игла се влегува во анатомската регија помеѓу целијачните крвни садови, мезентеричните крвни садови и пред аортата. Претходно пациентот треба да биде гладен и да не прима антикоагулантна терапија. Местото се обезболува и се мо- ниторираат виталните функции. Интервенцијата може да се изведува со преден и заден пристап за пункција. Позицијата на иглата се проверува со повторувачки снимања. Пред да се аплицира терапиското средство се дава контраст за док- торот да биде сигурен каде е со иглата. Потоа се аплицираат од 20 до 80 милилитри апсолутен алкохол. Ефектот од интервенцијата се чувствува веднаш.

По интервенцијата

 Пациентот по интервенцијата треба да лежи во кревет 8 до 12 часа и да биде под постојан мониторинг на виталните функции и крвниот притисокот бидејќи постои ризик ако пациентот стане крвниот притисок да падне. Се следи и срцевата и респираторна функција. Компликации Можноста од компликации е помала од 2%. Како најчеста компликација која се јавува е привремена болка која се ре- гулира со аналгезија, која се дава веднаш по интервенција. Исто така, како компликација е и можен пад на крвниот при- тисок. Ако се следи бенефитот од методата, успешноста е од 70%-90%, согласно со светските стандарди и значително се намалува употребата на класичните средства за намалување на болката. Самата интервенција е доволна да се ослободат пациентите од непријатната состојба која го намалува квали- тетот на живот. Третманот се изведува само еднаш, а ефектот е траен.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!