Што се хемороиди?

Хемороидите се отечени, проширени вени на аналниот отвор и задниот дел на цревата. Овој здравствен проблем настанува како резултат на зголемениот крвен притисок во крвните садови во карлицата, а се формира слично како проширените вени на нозете.

Хемороидите се отечени, проширени вени на аналниот отвор и задниот дел на цревата. Овој здравствен проблем настанува како резултат на зголемениот крвен притисок во крвните садови во карлицата, а се формира слично како проширените вени на нозете.

Значи, хемороидите се нормални крвни садови кои под дејство на преголем притисок се прошируваат, истегнуваат, отекуваат, воспалуваат и почнуваат да излегуваат. Доколку хемороидите се појават и откријат во порана фаза, тие можат да се вратат во нормалната состојба, но доколку дојдат до четвртата фаза, тие не можат да се повлечат, единствено решение е да се отстранат. Кога овие крвни садови еднаш ќе ослабат, тогаш тие почнуваат да излегуваат на површината, а токму тоа е моментот кога почнуваат да отекуваат, да се воспалуваат, да болат и чешаат. Во секој случај, воспалението може да се смири, циркулацијата на крвта може да се поправи и отечените места да се повлечат. Луѓето кои се склони на појава на хемороиди мораат да обрнат внимание на исхраната, да внесуваат повеќе течности за да немаат запек или пролив.

Хемороидите се релативно честа појава и можат да бидат доста болни, но, сепак, не се сфаќаат како сериозен медицински проблем. Факт е дека станува збор за непријатен проблем и често луѓето се срамат да се јават на преглед, дури многумина со години пробуваат сами да ги излекуваат. Хемороидите се лекуваат во зависност од нивниот степен на интензитет. Тие се класифицирани во 4 фази, од најбезболни до хемороиди на кои им е потребен хируршки третман. Освен надворешни постојат и внатрешни хемороиди кои се јавуваат како резултат на воспалување на крвните садови во регијата на анусот.

Симптоми

Најчести симптоми на хемороидите се:

–          Крвавење
–          Чешање и печење
–          Болка во ректалниот предел
–          Течност од слузокожата

Дијагноза

Доколку сте помлади од  50 години, докторот освен преглед може да направи и дополнително испитување со цел да го дијагностицира крвавењето од хемороидите. Некогаш може да го прегледа и задниот дел или целото дебело црево со помош на колоноскоп.

Овие дополнителни прегледи најчесто се прават со цел да се даде прецизна дијагноза бидејќи во некои случаи причината за крвавењето може да биде и канцер на дебело црево.

Хигиена

 Кога имате хемороиди потребно е многу да внимавате на хигиената. Се препорачува постојано миење на аналната регија по празнење на цревата, но единствено со вода, без притоа да користите какви било  средства од типот на сапуни или купки. На тој начин би се намалил хидролипидниот заштитен слој на кожата.

Третман

Голем број од луѓето кои имаат проблеми со хемороидите можат да ги лекуваат во домашни услови. Но, треба да направите одредени промени во вашите животни навики. Јадете храна која е полна со диетални влакна (овошје, зеленчук, интегрална храна, житарки), внесувајте барем 2 литри течност во текот на денот, бидете активни и редовно празнете ги цревата.

Во терапијата на хемороидите најчесто се користат масти и чепови кои ја намалуваат болката (локални анестетици), за намалување на воспаленијата (кортикостероиди), за спречување на инфекциите (антисептици), за спречување на коагулацијата во крвта и појава на тромбови (антикоагуланси). Од билните лекови најчесто се користат масло од кантарион, масло од невен, екстракт од  див костен, ајдучка трева, итн.  Хируршкиот третман се применува во четвртата фаза и е доста успешен. 

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!