Правилната исхрана, вежбите и сиот напор што го вложувате во здравјето нема да дадат видливи резултати доколку не е придружено со здрав и добар сон од најмалку 7 часа. Ставете го сонот како приоритет бидејќи само добро одморен организам може да функционира здраво.
Колку часа сон ни се потребни?
Ќе се согласите дека се чувствувате свежо и одморено по добар и цврст сон. Според истражувањето спроведено во времетраење од две години, формирани се 9 групи на луѓе со точно одредени препораки за неопходни часа сон:
Возраст |
Потребни часа сон |
Возрасни лица над 65 години |
7-8 часа |
Возрасни 26-64 години |
7-9 часа |
Возрасни 18-25 години |
7-9 часа |
Тинејџери 14-17 години |
8-10 часа |
Тинејџери 6-13 години |
9-11 часа |
Претшколски деца 3-5 години |
10-13 часа |
Деца 1-2 години |
11- 14 часа |
Бебиња 4-11 месеци |
12-15 часа |
Новороденче 0-3 месеци |
14-17 часа |
Што се случува со телото кога не сте наспани?
Без разлика на возраста, докторите препорачуваат најмалку 7 часа одмор и сон. Доколку имате нередовен сон тогаш може да се соочите со: нарушена меморија и концентрација, променливо однесување, поголема склоност на стрес. Сообраќајните несреќи се уште еден ризик.
Ова се краткорочни проблеми, но доколку сериозно се соочувате со несоница тогаш многу е веројатно да се соочите со посериозни нарушувања како висок крвен притисок, дијабетес, срцев удар, мозочен удар, дебелина, депресија и намалување на сексуалната желба. Хроничната несоница може да предизвика и промени на вашиот изглед со појава на темни кругови под очите и брчки.