Зошто се викаат добри масти?
Сите масти не се штетни. Омега 3 масните киселини се „добри“ масти. Помагаат во намалувањето на ризикот од појава на срцеви заболувања, депресија, деменција и артритис. Вашето тело може да ги создаде. Можете да ги внесете преку исхраната или да земате суплементи.
Постојат 3 типа Омега 3 масни киселини
Омега 3 мастите се јавуваат во три форми. DHA и EPA, кои може да ги внесете со конзумирање риба, се од големо значење за здравјето. Третиот тип, познат како ALA, се наоѓа во растителните масла, ленено семе, ореви и темно лиснат зеленчук како спанаќ.
На кој начин се борат со болестите?
Омега 3 масните киселини го штитат вашето здравје преку неколку механизми. Го смируваат воспалението на крвните садови. Кога ги имаме во големи количини, го намалуваат нивото на триглицеридите во крвта. Го намалуваат таложењето масти во крвните садови и го стабилизираат ритамот на срцето
Доколку имате срцево заболување
Земањето препарати збогатени со Омега 3 киселини може да го подобри вашето здравје. Јадењето масна риба кај луѓето со срцеви заболувања, исто така, е од голема важност. Медицински студии покажале дека значително е намален бројот на срцеви заболувања и појава на инфаркт на срцето кај луѓето кои го зголемиле количеството на Омега 3 во крвта.
Го стабилизираат срцевиот ритам
Омега 3 масните киселини имаат стабилизирачки ефект на работата на срцето. Можат да го превенираат и да го намалат степенот на аритмија.
Ги намалуваат триглицеридите
DHA и EPA омега 3 масни киселини го намалуваат нивото на триглицериди во крвта, масти кои се поврзуваат со појавата на срцевите заболувања. Пред да земете суплементи со Омега 3 разговарајте со вашиот доктор бидејќи некои типови суплементи може да го влошат „лошиот холестерол“.
Го намалуваат крвниот притисок
Омега 3 масните киселини помагаат во намалувањето на крвниот притисок. Прв чекор е да го замените црвеното месо со риба.
Корисен е кај луѓето со ревматоиден артритис
Омега 3 масните киселини ја намалуваат болката и вкочанетоста на зглобовите. Исхраната богата со Омега 3 може да ја зголеми ефикасноста на анти-инфламаторните лекови.
Влијанието врз депресијата и мозокот
Омега 3 масните киселини се од голема важност за развојот и функцијата на мозокот. Ги олеснуваат симптомите на АДХД синдромот. Депресијата сè поретко се појавува во државите каде луѓето вклучуваат Омега 3 масни киселини во секојдневната исхрана. Но, тие не се лек за депресијата. Доколку имате депресија, консултирајте се со доктор.
Рибата – најдобар извор на Омега 3
Најдобар извор на Омега 3 е рибата. Различни видови риба содржат различни количини Омега 3. Најдобар избор се лосос, скуша, харинга, езерска пастрмка, сардина и туна. Избегнувајте риба која содржи големи количини жива како што се ајкула, сабјарка, скуша.
Омега 3 суплементи
Доколку не ги внесувате преку храна, тогаш може да земете суплементи богати со Омега 3. Еден грам дневно се препорачува кај болните од срцеви заболувања. Сепак, за да не направите контра ефект со земањето на овие суплементи, консултирајте се со вашиот доктор.
Внимавајте на лажните производи
Во време на силна комерцијализација на производите, внимавајте на производите кои на етикетата пишуваат дека содржат големо количество Омега 3. Најчесто тоа се производи кои содржат ALA тип Омега 3 за кои не се пронајдени сигурни докази дека делуваат позитивно врз здравјето за разлика од другите два типа (DHA и EPA).