Што треба да знаете за отосклероза?

Отосклерората претставува заболување кое се манифестира со постепено губење на слухот. Во поголем број случаи се лекува со хируршка процедура наречена стапедектомија. Оваа хируршка интервенција се изведува единствено во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, која располага со сите стручни, кадровски и технолошки можности за дијагностика и третман на отосклерозата.

Отосклерората претставува заболување кое се манифестира со постепено губење на слухот. Во поголем број случаи се лекува со хируршка процедура наречена стапедектомија. Оваа хируршка интервенција се изведува единствено во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, која располага со сите стручни, кадровски и технолошки можности за дијагностика и третман на отосклерозата.

Отосклерозата е состојба на абнормален коскен раст (окостување) околу третото слушно ковче во средното уво наречено stapes (узенгија). Оваа состојба резултира со неподвижност на узенгијата. Кај нормалниот слух звучните вибрации се спроведуваат од надворешното уво во надворешниот слушен канал и истите удираат врз слушното тапанче. Овие вибрации предизвикуваат движење на тапанчето и пренесување на истите врз трите слушни ковчиња во средното уво: maleus (чеканче), incus (наковална) и stapes (узенгија). Кога узенгијата е нормално подвижна, таа се втиснува во своето прозорче (fenestra ovalis) и ја придвижува течноста во внатрешното уво. Тогаш отпочнува процесот на стимулација на сензорните слушни ќелии. Овие ќелии се во врска со слушниот нерв. Слушниот нерв потоа ја спроведува слушната информација до мозокот резултирајќи со слушање на звукот. Кога кој било дел од овој процес е нарушен, слушањето е оштетено.

Причината за настанување на оваа болест е непозната. Се зборува за генетска предиспозиција, хормонални фактори, метаболни промени, васкуларна или автоимуна природа. Болеста се случува и кај жени и кај мажи, а односот е 2:1. Се јавува и кај бремени жени кај кои од нејасни причини може да се манифестира брз пад на слушната функција. Околу 60% од случаите со отосклероза имаат генетска предиспозиција. Индивидуа која има еден родител со отосклероза има 25% шанси дека ќе го развие заболувањето. Ако двата родители имаат отосклероза, ризикот на заболувањето се зголемува на повеќе од 50%.

Постепено губење на слухот

Постепено губење на слухот е најчест симптом на отосклерозата. Често пациентите со отосклероза прво регистрираат дека не можат да слушаат ниски тонови или шепотења. Други симптоми на болеста можат да бидат нестабилност, пречки со рамнотежа или, пак, сензација на ѕвонење, бучење, зуење и пиштење во ушите или главата, познато како tinnitus.

Проценка на слухот во дијагноза на отосклерозата

Бидејќи многу од симптомите типични за отосклероза можат да бидат предизвикани од други медицински причини, важно е пациентот да биде прегледан од оториноларинголог кој ќе ги елиминира овие причини. По клиничкиот преглед, ОРЛ специјалистот може да побара објективно тестирање (проценка) на слухот со методата на тонална аудиометрија.

Типичен наод на овој тест е спроводен губиток на слухот во нискофреквентните тонови. Ова значи дека губење на слухот се должи на неспособноста звучните вибрации да бидат пренесени во внатрешното уво. Дијагнозата на отосклерозата се изведува врз основа на резултатите на овој тест и наодите од клиничкиот преглед. Тогаш оториноларингологот ќе предложи опции за третман.

Третман на отосклерозата

Ако губењето на слухот е благо, оториноларингологот може да сугерира континуирано следење или користење на слушно помагало за да го засили звукот којшто пристигнува до слушното тапанче. Натриум флуорид може да ја забави прогресијата на болеста и затоа некогаш се препишува. Во поголем број случаи на отосклерозата слухот може да се подобри или поврати со хируршка процедура наречена стапедектомија.

Стапедектомија – единствено  во „Аџибадем Систина“

Стапедектомија е хируршка процедура која се изведува во локална или општа анестезија со помош на оперативен микроскоп. Операцијата се изведува низ надворешниот слушен канал, со подигање на тапанчето и пристапување во средното уво. Хируршкиот зафат подразбира отстранување на дел или целата неподвижна узенгија (stapes) и нејзина замена со мала протеза. Протезата повторно ја враќа подвижноста на коскената верига на средното уво. На тој начин се овозможува придвижување на течноста на внатрешното уво и подобрување на слухот. Современата стапедектомија е со стапка на успешност од 90%. Во ретки случаи (1%) оваа процедура може да го влоши слухот. Кај 8 од 10 пациенти од пациентите отосклерозата се јавува на двете уши. Во овие случа
и најнапред се оперира увото со потешко оштетен слух. Хирургот обично чека минимум 6 месеци пред да преземе хируршка интервенција на другото уво. Оваа хируршка интервенција се изведува единствено во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, која располага со сите стручни, кадровски и технолошки можности за дијагностика и хируршки третман на отосклерозата.

Рехабилитација по стапедектомија

Повеќето пациенти си одат неколку часа по интервенцијата. Се препорачува да легнат внимателно на неоперираното уво. Хирургот може да препише и орални антибиотици. Првите неколку дена по интервенцијата некои пациенти може да почувствуваат нестабилност и вртоглавица. Може да се очекува и нарушување на осетот за вкус, кое по неколку недели по операцијата вообичаено целосно се повлекува. По операцијата од пациентите се бара да избегнуваат дување на носот, кивање и кашлање, пливање или други активности кои можат да внесат вода во оперираното уво. Пациентот се враќа на секојдневните активности 2 до 4 недели по операцијата. Лекувањето на ушното тапанче е брзо и генерално го постигнува максималното ниво во тек од 2 недели.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!