Воспаление на средното уво со излив во детска возраст

Воспаленијата на ушите (отити) се често застапени во секојдневната оториноларинголошка практика особено во детската возраст. По своите карактеристики и зачестеност од останатите форми на воспаленија на ушите се издвојува секреторниот отит (воспаление на средното уво со излив). Тоа е патолошка состојба на средното уво зад неоштетеното ушно тапанче  без симптоми на акутна инфламација. За најчестите ризик фактори, симптомите, дијагнозата и третманот одговор ни даде прим. д-р Борислав Гогушевски, оториноларинголог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.