Како да му помогнете на детето да ослабе?

Сведоци сме дека сè почесто гледаме дечиња со зголемена телесна тежина, а главните причини за тоа се недоволното вежбање и неправилната исхрана. За оваа појава најодговорни се родителите, кои треба да бидат пример за своите деца и да ги поттикнуваат да водат здрав живот. Детската дебелина не е само естетски проблем. Истражувањата покажуваат дека децата со зголемена телесна тежина кога ќе пораснат ќе бидат понесигурни и емоционално незрели, со ниска самодоверба. Освен тоа дебелината го зголемува ризикот од појава на заболувања меѓу кои и срцев удар и болести со крвотокот.