Контролирајте ја телесната тежина
Лицата со прекумерна телесна тежина имаат зголемен ризик за појава на карцином на дебело црево, дојки, хранопровод, панкреас и бубрези. Со зголемувањето на телесната тежина се зголемува и ризикот од појава на голем број заболувања како што се проблеми со кардиоваскуларното здравје, дијабетес, остеоартритис, слип апнеа и многу други. Затоа медицинските лица препорачуваат да ја одржувате нормалната телесна тежина во текот на живот.
Најчести симптоми за карцином на дебело црево
- Промени во нормалните навики на цревата (како пролив или запек), кои траат повеќе недели без очигледна причина
- Крв во столицата (присуство на светло или темно црвена крв во фецесот)
- Столица што е со многу темна боја
- Несвојствен губиток на телесна тежина
- Зголемен умор што не е предизвикан од одредена состојба
- Необјаснива силна болка и грутка во стомакот