УВ зраците демнат и кога не сте под сонце

Многумина од нас веруваат дека сончевите зраци имаат штетно влијание врз кожата само ако директно сме изложени на сонце. Постојат три типа на УВ зраци. УВА зраците продираат во најдлабоките слоеви на кожата при што се постигнува темнеење на постоечкиот меланин (пигмент). УВБ зраците се главните причинители на изгореници и црвенила на кожата. УВБ зраците поттикнуваат создавање нов меланин. УВЦ зраците не се пробиваат подалеку од озонската обвивка и не навлегуваат во атмосферата, па оттаму и немаат никакво влијание врз здравјето на кожата.