Често имаме неодолива желба да каснеме нешто вкусно и конкретно, а тоа според американските научници е знак дека на организмот му недостига некоја супстанца за што сигнализира преку храната.
Така на пример, ако ни се јаде чоколадо, тоа е знак дека имаме потреба од магнезиум. Потребните количини, сепак, спокојно би можеле да ги надополниме преку консумирање ореви, грав и сончоглед, намирници во кои има доволно магнезиум.
Кога ни се јаде нешто слатко, тоа е знак за недостиг на јаглерод. Него можеме да најдеме во свежото овошје.
Доколку посегнувате по тестенините, тоа обично се поврзува со недостиг на азот. Рибата, месото, оревите и гравот се растенија богати со протеини.
Понекогаш, пак, сакаме да јадеме многу мрсна храна, иако најчесто ја избегнуваме. Ова би можело да е знак дека во организмот недостасува калциум. Пред да посегнеме по мрсна храна, би можеле да се обидеме недостигот од калиум да го надополниме со брокула, сирења или грашок. Звучи вкусно, нели?
И покрај тоа што секое утро денот на повеќето од нас ни започнува со кафе, може да се случи во одредени денови да имаме потреба од повеќе чаши кафе или црн чај од вообичаеното, па дури и кога сме доволно наспани. Во овие случаи причината може да лежи во недостигот на сулфур. Наместо да се испиете уште едно кафе, пробајте на ручек да каснете зелка, брокула или карфиол.
Ви се верува ли дека во дел од истражувањата и консумацијата на алкохол и пушењето се поврзани со недостиг на протеини во организмот. Ви се случило ли да добиете ненадејна желба да пиете?Обидете се ова да го надминете со консумација на црвено или пилешко месо, морска храна, млечни производи или грст ореви.
Кон солената храна најчесто посегнуваме кога ни недостигаат хлориди, кои се наоѓаат во козјото млеко, рибата и нерафинираната морска сол.
Во случај, пак, апетитот за каква било храна да ви исчезне, тоа е знак дека ви недостига витамин Б1. Во овој случај земете ореви или риба.