Тест за андропауза

Како што годините поминуваат така и мажите претрпуваат хормонални промени, период наречен андропауза. Исто како и кај жените кои поминуваат низ менопауза, така и мажите поминуваат низ период на промени кои, за среќа, се помалку забележителни. Во овој период доаѓа до опаѓање на нивото на хормонот тестостерон, се забавува работата на метаболизмот, а се зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Овие промени можат значително да влијаат врз сексуалниот живот, расположението, концентрацијата и здравјето на простатата.

Што е андропауза и кои се симптомите?

Можеме да кажеме дека главна причина за андропаузата е процесот на стареење, но на брзината и интензитетот за симптомите влијае начинот на живот, штетните навики (пушење цигари, консумација на алкохол) и стресот.

Иако првите симптоми  можат да се појават по 30. година од животот, андропаузата речиси 30 до 40% од мажите ја поминуваат во периодот од 45 до 55-годишна возраст. Кога се намалува нивото на тестостерон се јавуваат и следниве промени :

–          Намален сексуален нагон

–          Емоционални и психолошки промени

–          Намалување на мускулната маса

–          Зголемување на масното ткиво

–          Ослабување на коските и болки во грбот

За да се процени субјективната состојба на пациентот се применуваат тестови за андропауза, а тестот изгледа вака:

  1. Имате над 50 години?
  2. Во последните 6 месеци ви е намалена сексуалната желба?
  3. Имате проблеми поврзани со слаба ерекција?
  4. Чувствувате намалување на мускулната снага и издржливост?
  5. Забележувате намалување на висината на телото?
  6.  Не уживате во животот како претходно?
  7. Често сте тажни, депресивни и загрижени?
  8. Чувствувате недостиг на енергија?
  9. Веќе не се занимавате со спорт како претходно?
  10. Заспивате веднаш по вечерата?
  11. Имате болки во зглобовите и мускулите?
  12. Имате напади на потење?
  13. Уморни сте, тешко заспивате и се будите рано?
  14. Дали сте често напнати и нервозни?
  15. Лесно се нервирате и не можете да се контролирате?

Доколку позитивно одговоривте на 5 прашања ве советуваме да се јавите кај својот лекар. Интересно е тоа што пациентите во овој период од животот стануваат понежни и почувствителни, а односот со партнерите им станува поквалитетен. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!