Третман на воспалени крајници кај децата

Воспаленијата на крајниците се чести во есенскиот период, кога почнува школската година и децата престојуваат во градинките. Според д-р Александар Лазаревски оториноларинголог најчеста причина за отстранување на крајниците се повторувачки акутни воспаленија  на грлото (клиничките насоки се пет или повеќе акутни воспаленија на крајниците во текот на една година) или хронични воспаленија на крајниците со перманентна болка во грлото.

Според д-р Александар Лазаревски оториноларинголог најчеста причина за отстранување на крајниците се повторувачки акутни воспаленија на грлото (клиничките насоки се пет или повеќе акутни воспаленија на крајниците во текот на една година) или хронични воспаленија на крајниците со перманентна болка во грлото. Воспаленијата на крајниците се чести во есенскиот период, кога почнува школската година и децата престојуваат во градинките.

Која е улогата на крајниците?

Крајниците се специјализирани лимфни јазли сместени во усната празнина и гркланот и се дел од имунолошкиот систем. Со оглед на тоа дека устата и почетниот дел на дишните патишта се најчестите влезни врати на микроорганизмите во организмот, може да се каже дека крајниците се првите одбранбени линии на организмот од инфекции. При воспаление, крајниците отекуваат и стануваат црвени, а на нивната површина се појавуваат валкано бели точки – воспалителен ескудат. Воспалението е придружено со болки во грлото и отежнато голтање, како и со општи симптоми на воспаление како покачена температура, болки во мускулите и зглобовите и сл. При посилни инфекции доаѓа и до зголемени и на допир болни лимфни јазли на вратот кои може да се напипаат од надвор.

Што предизвикува воспаление на крајниците?

Најчест причинител кај децата е бета-хемолитичен стрептокок, но како причинители може да се јават и други бактерии и вируси. Инфекцијата се шири преку капки од фарингеален секрет, па за спречување на ширењето неопходно е децата да се научат да ја покриваат устат додека киваат и кашлаат и да ги мијат рацете повеќепати во денот. Ризикот од инфекција е поголем во затворени простории каде голем број деца престојуваат поголем дел од денот ( детски градинки, училишта и сл).

Како се лекуваат воспаленијата на крајниците?

Лекувањето на воспаленијата на грлото и крајниците зависи пред сè од клиничката слика, возраста и општата состојба на детето. Бидејќи често се работи за вирусни инфекции, треба да се почне со симптоматска терапија и доволен внес на течности. Антибиотска терапија треба да се зема само по препорака на лекар, откако ќе се утврди со микробиолошка анализа (брис од грло) дека се работи за бактериска инфекција. Особено треба да се внимава доколку се потврди дека инфекцијата е предизвикана од бета-хемолотичен стрептокок од групата А. Тогаш е неопходна антибиотска терапија со адекватен антибиотик и во времетраење пропишано од доктор.

Кога треба да се размислува за оперативно отстранување на крајниците

Најчеста причина за отстранување на крајниците се повторувачки акутни воспаленија  на грлото (клиничките насоки се пет или повеќе акутни воспаленија на крајниците во текот на една година) или хронични воспаленија на крајниците со перманентна болка во грлото. Како индикација за тонзилектомија треба да се споменат и перитонзиларните апсцеси (собирање на гнојна содржина помеѓу крајникот и околното меко ткиво), потешкотии при дишење и голтање поради големината на крајниците, како и синдромот на опструктивна апнеа при спиење. Препорака е пред да се донесе конечна одлука за тонзилектомија (вадење на крајниците) да постои еден шестмесечен период на опсервација и конзервативен третман, во кој би се проценил ефектот што би се добил од  самиот оперативен зафат. Во овој период пациентот е најчесто опсервиран од матичниот лекар или педијатар, па забелешките и информациите добиени од нив се од голема помош за оториноларинголог при носење конечна одлука за оперативен третман.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!