Улцерозен колитис и Кронова болест

Ле­ку­ва­ње­то ре­чи­си се­ко­гаш поч­ну­ва со ме­ди­ка­мен­то­зен трет­ман. Кај по­те­шки­те об­ли­ци на бо­ле­ста, кои не ре­а­ги­ра­ат на кон­вен­ци­о­нал­ни­те и но­ви би­о­ло­шки трет­ма­ни, по­тре­бен е хи­рур­шки трет­ман. Тој мо­же да е еле­кти­вен (пла­ни­ран) и ур­ген­тен, кај акут­ни комп­ли­ка­ции. По­крај ме­ди­ка­мен­тоз­ни­от трет­ман, ва­жен дел во ле­ку­ва­ње­то е ди­е­тет­ски ре­жим, фи­зич­ка­та актив­ност, на­ма­лу­ва­ње­то на стре­сот, ве­ли д-р Димитар Трај­ков, гастроенетерохепатолог од „Аџибадем Систина“

Ле­ку­ва­ње­то ре­чи­си се­ко­гаш поч­ну­ва со ме­ди­ка­мен­то­зен трет­ман. Кај по­те­шки­те об­ли­ци на бо­ле­ста, кои не ре­а­ги­ра­ат на кон­вен­ци­о­нал­ни­те и но­ви би­о­ло­шки трет­ма­ни, по­тре­бен е хи­рур­шки трет­ман. Тој мо­же да е еле­кти­вен (пла­ни­ран) и ур­ген­тен, кај акут­ни комп­ли­ка­ции. По­крај ме­ди­ка­мен­тоз­ни­от трет­ман, ва­жен дел во ле­ку­ва­ње­то е ди­е­тет­ски ре­жим, фи­зич­ка­та актив­ност, на­ма­лу­ва­ње­то на стре­сот, ве­ли д-р Димитар Трај­ков, гастроенетерохепатолог од „Аџибадем Систина“

Хро­нич­ни­те авто­и­му­ни за­бо­лу­ва­ња ка­ко ул­це­роз­ни­от ко­ли­тис или Кро­но­ва­та бо­лест се дол­го­трај­ни хро­нич­ни за­бо­лу­ва­ња што се прос­ле­де­ни со слу­зе­сти или слу­зе­сто-кр­ва­ви праз­не­ња, со гр­че­ви и бол­ки во сто­ма­кот.

Сѐ по­чест e бро­јот на па­ци­ен­ти што ја има­ат оваа гру­па бо­ле­сти. Стре­сот, се­којд­нев­ни­те гри­жи, на­чи­нот на жи­вот, на­ви­ки­те во ис­хра­на­та се дел од фа­кто­ри­те за по­ја­ва на овие бо­ле­сти. Ле­ка­ри­те не ја иск­лу­чу­ва­ат ни­ту ге­нет­ска­та по­вр­за­ност.

Симп­то­ми­те при овие за­бо­лу­ва­ња се про­лив или за­пек, слуз или крв во из­ме­тот, пре­ку­мер­но ис­пу­шта­ње га­со­ви, кр­ко­ре­ње на цре­ва­та. При ма­ни­фе­ста­ци­ја на се­кој од овие симп­то­ми, а осо­бе­но при крв во из­ме­тот, тре­ба вед­наш да се оди на ле­кар и да се ди­јаг­но­сти­ци­ра за што се ра­бо­ти.

Што е ко­ли­тис, а што е Кро­но­ва бо­лест?

-Вос­па­ли­тел­ни­те црев­ни за­бо­лу­ва­ња, кои се на­ре­ку­ва­ат и ИБД се хро­нич­ни вос­па­ле­ни­ја на га­стро­ин­те­сти­нал­ни­от тракт од не­поз­на­то по­тек­ло. ИБД се бо­ле­сти кла­си­фи­ку­ва­ни во гру­па авто­и­му­ни бо­ле­сти.

По­сто­јат два ти­па ИБД – ул­це­ро­зен ко­ли­тис и Кро­но­ва бо­лест. Ул­це­роз­ни­от ко­ли­тис е вос­па­ле­ние на де­бе­ло­то цре­во, а Кро­но­ва­та бо­лест мо­же да се по­ја­ви по це­ли­от га­стро­ин­те­сти­на­лен тракт (од ус­на­та праз­ни­на , па сѐ до анал­ни­от отвор), со нај­че­ста  за­фа­те­ност на за­врш­ни­от дел од тен­ко­то цре­во.

Кои се симп­то­ми­те на ко­ли­ти­сот?

-Фа­кто­ри на ри­зик за ИБД се во­зраст, рас­а и ет­нич­ка при­пад­ност, фа­ми­ли­јар­на исто­ри­ја, пу­ше­ње ци­га­ри, ко­ри­сте­ње на одре­де­ни ле­ко­ви, ме­сто на жи­ве­е­ње.

Симп­то­ми­те на ИБД  ва­ри­ра­ат и за­ви­сат од сте­пе­нот и од те­жи­на­та на вос­па­ле­ни­е­то. Бо­ле­ста има актив­на фа­за, но и пер­и­о­ди на ме­ди­ка­мен­тоз­но или спон­та­но из­ле­ку­ва­ње, ка­ко и по­втор­но по­ја­ву­ва­ње.

Нај­че­сти симп­то­ми на ИБД се: про­лив, сла­бост , ис­цр­пе­ност, бол­ки во сто­ма­кот, гр­че­ви, крв во сто­ли­ца, гу­бе­ње апе­тит и те­лес­на те­жи­на. Во по­те­шки­те кли­нич­ки об­ли­ци, Кро­но­ва­та бо­лест и ул­це­роз­ни­от ко­ли­тис се жи­во­то­за­гро­зу­вач­ки со­стој­би за кои е не­оп­хо­ден хос­пи­та­лен трет­ман.

Ка­ко се ди­јаг­но­сти­ци­ра­ат ИБД?

– ИБД се ди­јаг­но­сти­ци­ра­ат со ен­до­скоп­ски ме­то­ди, нај­че­сто ко­ло­но­ско­пи­ја – прег­лед на де­бе­ло цре­во со кра­ток влез во тен­ко цре­во и гор­но­ди­ге­стив­на ен­до­ско­пи­ја – прег­лед на хра­но­вод, же­луд­ник и на по­чет­ни­от дел на тен­ко цре­во. До­кол­ку има сом­не­ние за бо­ле­ста се зе­ма­ат ен­до­скоп­ски би­оп­сии и се пра­ви па­то­хи­сто­ло­шка по­твр­да на бо­ле­ста.

Во што се со­стои ле­ку­ва­ње­то на ко­ли­ти­сот?

-Ле­ку­ва­ње­то на ИБД за­ви­си од ти­пот на ко­ли­ти­сот, не­го­ви­от об­лик, во­зра­ста на па­ци­ен­тот, за­ста­пе­но­ста на дру­ги хро­нич­ни за­бо­лу­ва­ња

Ле­ку­ва­ње­то ре­чи­си се­ко­гаш поч­ну­ва со ме­ди­ка­мен­то­зен трет­ман. Кај по­те­шки­те об­ли­ци на бо­ле­ста, кои не ре­а­ги­ра­ат на кон­вен­ци­о­нал­ни­те и на но­ви­те би­о­ло­шки трет­ма­ни, по­тре­бен е хи­рур­шки трет­ман. Тој мо­же да е еле­кти­вен (пла­ни­ран) и ур­ген­тен, кај акут­ни комп­ли­ка­ции.

По­крај ме­ди­ка­мен­тоз­ни­от трет­ман, ва­жен дел во ле­ку­ва­ње­то е ди­е­тет­ски ре­жим, фи­зич­ка­та актив­ност, на­ма­лу­ва­ње­то на стре­сот.

Да­ли мо­же да се из­ле­ку­ва ко­ли­ти­сот?

-ИБД се бо­ле­сти за кои ни­ко­гаш не мо­же­ме да ка­же­ме со си­гур­ност де­ка па­ци­ен­тот е из­ле­ку­ван.

Извор: Република.мк

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!