Секој од нас се лути кога наутро ќе нè разбуди будилникот, а тоа значи дека е време да станеме од креветот и да почнемеда се подготвуваме за на работа. Како да си го олесните овој процес? Еве неколку трикови како да си ги разубавите утрата, а подготовката за на работа да ви стане забава.
1. Разбудете се со музика
Ако немате музика на алармот на вашиот будилник или телефон, не е страшно. Штом ги отворите очите пуштете ја вашата омилена песна, па дури и да сте станале на „лева нога“ подготовката за на работа може да ви стане забава.
2. Утринско гушкање за подобро расположение
Размената на нежности со партнерот никогаш не може да ви пречи. Најчесто двојките немаат време за утринско водење љубов, но,сепак, имаат пет минути за гушкање со саканата личност. Освен што ќе се чувствувате сакано, гушкањето ќе ви го подобри и расположението и ќе ви го разубави утрото.
3. Утринска релаксација и спортување
Како и во претходните предлози, никој од вас не бара да џогирате во природа бидејќи ретко кој од нас има време да го прави тоа, но обидете се барем 10 минути да си посветите себеси и да направите неколку серии вежби пред туширањето. Не само што е добро за вашето здравје туку и влијае на расположението.
4. Уживајте во новиот ден
Ако не сте ранобудник и ако помислата за будењето рано ве депримира, едноставно отворете прозорец или излезете на балкон, раширете ги рацете, вдишете длабоко и помислете на нешто убаво што би можеле да го направите во текот на денот.
5. Не заспивајте лути!
Двојките кои одат на спиење лути имаат тенденција наутро повторно да се разбудат лути и нерасположени, а ова чувство им останува и во текот на денот. Затоа потрудете се несогласувањата да ги решите пред да легнете да спиете.