Ве мачи несоница?

Вежбањето е важно за здравјето и може да ни го подобри квалитетот на нашиот сон, но, сепак, не треба да вежбате 3-4 часа пред спиење.  Температурата на телото се зголемува, работата на срцето се забрзува и телото е полно со енергија. Затоа доколку сакате да вежбате направете го тоа во друг дел од денот.

Седењето пред монитор или телевизор го отежнува сонот. Електронските апарати во лето дополнително го загреваат просторот и го оневозможуваат производството на хормонот мелатонин што го поттикнува сонот.

Полесно ќе заспиете доколку се истуширате со топла вода. Но, доколку се туширате или капете непосредно пред спиењето, тогаш направете го тоа еден час пред да си легнете. Така ќе му дозволите на телото да се излади.

 Познато е дека од голема важност е да внесувате доволно течности, но не практикувајте го тоа барем еден до два часа пред спиење за да не дремете во тоалет секој час во текот на ноќта. Исто така, избегнувајте да одите жедни бидејќи и жедта може да ве буди и да го наруши сонот.

Што и да правите не оставајте ги активностите за вечерните часови бидејќи на тој начин го напрегате мозокот и го терате да работи. Тоа предизвикува непотребен стрес, поради што нема да можете брзо да заспиете!

А што е несоница?

Несоницата е состојба во која имате проблем со спиењето или, пак, откако ќе ве фати сон  имате потешкотии да ја задржите оваа состојба и долго да спиете. Таа може да биде третирана во домашни услови, но сè зависи од стадиумот во кој се наоѓа. Доколку подолго време  ве мачи овој проблем, консултирајте се со лекар. Сепак, таа не е болест туку е симптом и претставува проблем во врска со тоа колку многу или колку добро спиете.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!