Вишната – чувар на вашето срце

Сочни, темно црвени и слатко-кисели  вишни! Идеални се за освежување во топлите летни денови, но и како додаток за слатките. Но, најновите медицински истражувања покажале дека вишните се и одличен чувар на вашето срце. Плодот од вишната е богат со лековити материи, има голема количина на антиоксиданси и има антивоспалително дејство. Се препорачуваат за подигнување на имунитетот, за спречување на развој на канцер, го намалуваат ризикот од срцеви заболување и артритис, како и грчевите и болките во мускулите.

Сокот од вишна му помага на организмот полесно да го поднесе физичкиот напор, па токму затоа е идеална напивка  за спортистите. По вежбањето ги релаксира мускулите и спречува да дојде до воспаление на истите. Сокот од ова овошје помага и за несоницата бидејќи има висока концентрација на мелатонин, хормон кој го регулира циклусот на спиење и будење.  

Вишните се познати по своите бројни лековити својства, но и антиоксидативни дејства. Изобилуваат со витамин A, C, E и фолна киселина, но и минерали како калиум, магнезиум, растителни влакна. Бидејќи има антивоспалително дејство се користи за намалување на болките кои се предизвикани од гихт или кај воспаление на мускулите, остеоартритис, ревматоиден артритис.

Истражувањата покажале дека консумирањето 20 вишни дневно или концентрат од истата количина на ова овошје има ист ефект за ослободување на болката како и аспиринот или бруфенот.

Лековити својства на вишната :

–          Го хранат и штитат мозокот
–          Го намалуваат ризикот од појава на дијабетес
–          Помагаат при бубрежните болести
–          Го подобруваат системот за варење
–          Ја намалуваат телесната тежина
–          Го подобруваат сонот
–          Го намалуваат ризикот од појава на срцеви заболувања
–          Помагаат при воспаление на уринарниот тракт 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!